Политики на раст и развој

Столбот опфаќа сет од политики и стратегии за генерирање и поддршка на економскиот раст и развој, со фокус врз три развојни столба: образование, здравствена заштита и институции. Други третирани развојни столбови вклучуваат: инфраструктурни инвестиции, државна помош, финансиски пазари и институции и други секторски политики.

Програмата ги опфаќа следниве проекти:

Интерактивен и повеќесекторски механизам за следење на исполнувањето на политичките ветувања сврзани со економијата

Целта на проектот е да промовира мониторинг и мерење на економски цели и резултати од политичко-владини програми, преку користење докази, наоди и податоци и преку поттикнување повеќестран општествен ангажман.

Промовирање докази и дијалог за зајакнување на ефектот од државната помош врз благосостојбата на потрошувачите во Северна Македонија

Целта на акцијата е да се промовираат докази и да се поттикне дијалог за улогата на државната помош за благосостојбата на потрошувачите во Северна Македонија.

Економски компас – мерење на ефектите од предложените даночно-социјални политики на политичките партии

Целта на проектот е да ги процени ефектите од економските, социјалните и дел од развојните политики кои ќе ги предложат политичките партии во нивните изборни програми за парламентарните избори 2020, преку користење на МК-МОД Микросимулациски модел за даноци и социјални надоместоци.

Понатаму од доходната нееднаквост во Северна Македонија

Целта на проектот е да обезбеди преглед на нееднаквостите во Северна Македонија понатаму од доходот, т.е. нееднаквости во можностите во четири критични области: образование, здравство, пазар на труд и правда.

Заедничка анализа на земјата – економски и социјални трендови

Целта на проектот е да изврши синтеза на постојното знаење во областа на економски, социјалните и развојните трендови и политики во Северна Македонија, да ги идентификува групите од населението кои се најмногу заостанати во поглед на серија развојни индикатори, да идентификува кратко- и среднорочни ризици, како и јазови во знаењето и податоците, се` во контекст на одржливите развојни цели.

Одржлив економски раст преку промовирање алтернативни туристички атракции

Главната цел на проектот е подобрување на локалниот економски развој преку промовирање развиени алтернативни туристички атракции.

Facebook

Get the Facebook Likebox Slider Pro for WordPress