Државна помош и странски директни инвестиции во земјите од Западен Балкан: Поттикнување на транспарентноста и создавање простор за регионална координација на инвестициските политики

Општата цел на проектот е да се подобри транспарентноста и да се генерираат докази за државната помош поврзана со СДИ во контекст на регионалната интеграција на земјите од Западен Балкан.

Целокупната цел е поделена на следните специфични цели:

  1. Да се идентификуваат (мапираат) програмите за државна помош и клучните мерки и да се поврзат со мерливи индикатори за ефективност,
  2. Да обезбедат докази за државната помош доделена на странски компании во поглед на нејзината ефикасност и поддршка на регионалната интеграција,
  3. Да се зголеми јавната свест на регионално, национално и локално ниво преку влијание на јавниот дискурс за важноста на транспарентноста на државната помош и усогласувањето со барањата на ЕУ и како промотор на регионалната интеграција.

Донатор: Фондации Отворено општество – Западен Балкан