Фискална транспарентност и одговорност

Оваа истражувачка програма ги опфаќа прашањата како што се транспарентност, структурата и ефекти од јавната потрошувачка, партиципативно буџетирање на национално и локално ниво, одржливост на јавниот дефицит и долг, јавни набавки и сл.

Во рамки на програмата се спроведуваат следните проекти:

Буџетирање одговорно кон Ромите во Северна Македонија

Целта на проектот е да ги пилотира насоките за буџетирање кои се однесуваат на Ромите преку градење на капацитетите на државните службеници, избирање буџетски програми и примена на насоките, што ќе резултира со два поднесока до буџетот за 2020 кои се однесуваат на Ромите.

Добар или лош данок? Реформирање на македонскиот персонален данок на доход

Главната цел на проектот е да се оцени ефектот од најавената даночна реформа на персоналниот данок на доход.

Анализа на средствата наменети за политики и програми поврзани со децата во Буџетот на Република Македонија

Целта на овој проект е да обезбеди сеопфатен преглед на политиките и програмите поврзани со децата во Македонија и финансиски средства наменети за нив од страна на Владата на Република Македонија, во два меѓусебно зајакнувачки програмски домени: квалитетот на животот (социјалните политики) и образованието.

Анализа на податоци за студиите за дијагностика и јавни финансии во Македонија

Целта на проектот е да обезбеди позадински пресметки во Стата за да ја поддржи подготовката на две студии: Дијагностичка студија за земјата и Преглед на јавните финансии од страна на Светската банка, врз основа на податоците од АРС, АПУЖ и АПД.

“Мои пари, моја одговорност”: Партиципативно буџетирање во општините во Македонија

Севкупната цел на проектот е да се подобри праксата и учеството на локалните засегнати страни во процесот на локално буџетирање и да се зголеми ефикасноста на трошењето на општински пари.

Активно вклучување на граѓаните во креирање и мониторинг на локалниот буџет и јавните набавки

Целта на проектот е зголемување на вклученоста на надворешните чинители (граѓани, граѓански организации и локални медиуми) во процесите на креирање и мониторинг на локалните буџети и јавните набавки.

Facebook

Get the Facebook Likebox Slider Pro for WordPress