Фискална транспарентност и одговорност

Оваа истражувачка програма ги опфаќа прашањата како што се транспарентност, структурата и ефекти од јавната потрошувачка, партиципативно буџетирање на национално и локално ниво, одржливост на јавниот дефицит и долг, јавни набавки и сл.

Во рамки на програмата се спроведуваат следните проекти:

Коруптивните практики му штетат на економскиот раст во Македонија

Целта на ова истражување за политиките е да идентификува коруптивни практики кои влијаат врз економијата во Македонија, и да понуди реални веќе-спроведени слични мерки во ЕУ за справување и сузбивање на овие видови практики.

Пресметка на одржливото ниво на Македонскиот јавен долг

Целта на овој проект е да се произведе веродостојни проценки на одржливо ниво на Македонскиот државен и јавен долг.

Родово-одговорен буџет на град Скопје

Целта на ова истражување е да ги идентификува јазовите во родовите политики и во имплементацијата на родово-сензитивен буџет на Град Скопје, како и да даде соодветни препораки за надминување на јазовите.

FISCAST+: Фискалната транспарентност и одговорност ги подобрува политиките во областите на квалитет на живот, образование и здравство

Целта на проектот е да се истражи ефикасноста и квалитетот на избрани политики во областите на квалитет на животот, образование и здравство, преку јавна дебата и решенија за политиките кои произлегуваат од податоци и докази.

FISCAST: Градење капацитет и алатки за фискална одговорност, одржливост и транспарентност во Македонија

пштата цел на проектот е двојна: прво, да се подобри капацитетот на граѓанското општество и медиумите да придонесат за економскиот дијалог во земјата, врз основа на докази, овозможувајќи повеќе партиципативно и транспарентно креирање на политиките, со силен фокус врз фискалните политики; и второ, да се зголеми свеста на јавноста за процесот на трошењето на јавните пари.

Локален развој или тековна потрошувачка: За која намена се трошат општинските пари?

Главна цел на проектот е да се зголеми транспарентноста и ефикасноста на употребата на буџетските средства на општините.

Facebook

Get the Facebook Likebox Slider Pro for WordPress