Конкурентност и пристапување кон ЕУ

Оваа истражувачка програма се занимава со концептуализација на конкурентноста, односно институциите, политиките и реформите за зајакнување на пазарната економија на Северна Македонија. Покрај тоа, програмата конкретно се занимава со тоа како пристапот кон ЕУ помага во конкурентноста на земјата во насока на поддршка на капацитетите за справување со конкурентскиот притисок и пазарните сили во Унијата.

Следниве проекти се спроведени:

Заедничка анализа на земјата – економски и социјални трендови

Целта на проектот е да изврши синтеза на постојното знаење во областа на економски, социјалните и развојните трендови и политики во Северна Македонија, да ги идентификува групите од населението кои се најмногу заостанати во поглед на серија развојни индикатори, да идентификува кратко- и среднорочни ризици, како и јазови во знаењето и податоците, се` во контекст на одржливите развојни цели.

Институционален трансфер на знаење за да се поддржи (брза?) Европеизација на Северна Македонија

Целта на проектот е да го подигне Finance Think на ново меѓународно / европско ниво на развој, за да може да обезбеди рационализирање на европските економски вредности и динамика во националната економија, како и да може стабилно да интерактира со актерите на ЕУ кои се релевантни во овој домен.

Одржлив економски раст преку промовирање алтернативни туристички атракции

Главната цел на проектот е подобрување на локалниот економски развој преку промовирање развиени алтернативни туристички атракции.

Капацитет и иновација на туристичките услуги за одржлив локален економски развој – Нов пристап преку развој на алтернативни туристички атракции

Севкупната цел на проектот е подобрување на локалниот економски развој преку градење капацитети на локалните засегнати страни вклучени во ланецот на туристичка понуда, зголемен квалитет на услугите и развој, лансирање и продажба на алтернативните туристички атракции.

Facebook

Get the Facebook Likebox Slider Pro for WordPress