Миграција и дознаки

Програмата за миграција и дознаки ги истражува економските аспекти од надворешната миграција од Македонија. Поконкретно, програмата ги анализира ефектите од емиграцијата и дознаките врз витални индикатори како сиромаштија, нееднаквост, пазар на труд и сл.

Во рамки на програмата се спроведуваат следните проекти:

Прогнозирање на големината и ефектите од иселувањето и дознаките во четири земји од Западниот Балкан

Целта на проектот е да се предвиди големината и влијанието на дознаките од странство и иселувањето во 4 земји од Западниот Балкан, преку нов метод: Делфи прашалник.

Миграцијата како социјална заштита: Анализа на македонски, албански и српски домаќинства што примаат дознаки

Целта на истражувањето е да се испита дали дознаките испратени во Македонија, Албанија и Србија служат како социјална заштита за оставените членови на домаќинството.

Симулација на ваучер политика за подобрување на социјалните услови на индивидуални приматели на дознаки во Македонија

Целта на истражувањето е да се развие симулација на потенцијален ваучер систем за социјална заштита на индивидуални членови на домаќинството што прима дознаки во Македонија.

Самовработеност на младите во домаќинства што примаат дознаки во Македонија

Овој проект има за цел да истражи како дознаките може да се користат за поддршка на претприемачките активности на невработените млади во домаќинства што примаат дознаки, во услови на глобална економска криза, затегнати кредитни услови, недостаток на капитал за финансирање и дисфункционален пазарот на трудот.

Facebook

Get the Facebook Likebox Slider Pro for WordPress