Сиромаштија, вработување и вештини

Оваа истражувачка програма се однесува на серија развојни прашања што го опфаќаат квалитетот на животот на граѓаните и вклучува, но не се ограничува на прашања како: сиромаштија, минимална плата, учество на пазарот на труд, невработеност, сива економија, продуктивност, социјална заштита, социјален дијалог и индустриски односи и сл.

Во рамките на оваа програма се спроведуваат следните проекти:

Анализа на средствата наменети за политики и програми поврзани со децата во Буџетот на Република Македонија

Целта на овој проект е да обезбеди сеопфатен преглед на политиките и програмите поврзани со децата во Македонија и финансиски средства наменети за нив од страна на Владата на Република Македонија, во два меѓусебно зајакнувачки програмски домени: квалитетот на животот (социјалните политики) и образованието.

Социјалниот столб на европската интеграција на Западниот Балкан

Овој проект има намера да иницира платформа за политиките која се занимава со прашањата на социјалната држава за зајакнување на кохезијата, стабилноста и растот во Западен Балкан и неговите одржливи европски перспективи.

Анализа на влијанието на регулативата: Ефектите од промената на Законот за минимална плата

Општа цел на проектот е екс-пост проценка на влијанието на измените во Законот за минимална плата врз системот (економијата) и главните засегнати страни (работниците и работодавачите).

Анализа на младинската под-вработеност во Македонија, Црна Гора и Србија

Целта на студијата е да ја опише под-вработеноста на младите и да го испита нејзиниот ефект врз личната благосостојба во трите земји. Особен третман ќе биде направен на родот. Со тоа, студијата цели да го донесе прашањето на агендата на носителите на политиките и да формулира идеи за политиките што ја адресираат под-вработеноста.

Да ја предизвикаме невработеноста во Западен Балкан: поттикнување на активните политики на пазарот на труд во Албанија, Босна и Херцеговина и Македонија

Главната цел на проектот е да се придонесе за подобрување на активните политики на пазарот на труд и за зголемување на вработеноста во Албанија, Босна и Херцеговина и Македонија.

Унапредување на активното вклучување на маргинализираните лица исклучени од пазарот на труд

Општата цел на проектот е да се зголеми активацијата на лицата кај кои постои ризик од социјално исклучување од пазарот на трудот, преку подобрување на нивните вештини, образование, обука и олеснување на нивната целосна интеграција во општеството и пазарот на трудот.

Facebook

Get the Facebook Likebox Slider Pro for WordPress