Анализа на податоци за студиите за дијагностика и јавни финансии во Македонија

Целта на проектот е да обезбеди позадински пресметки во Стата за да ја поддржи подготовката на две студии: Дијагностичка студија за земјата и Преглед на јавните финансии од страна на Светската банка, врз основа на податоците од АРС, АПУЖ и АПД.

Анализа на влијанието на регулативата: Ефектите од промената на Законот за минимална плата

Општа цел на проектот е екс-пост проценка на влијанието на измените во Законот за минимална плата врз системот (економијата) и главните засегнати страни (работниците и работодавачите).

Анализа на младинската под-вработеност во Македонија, Црна Гора и Србија

Целта на студијата е да ја опише под-вработеноста на младите и да го испита нејзиниот ефект врз личната благосостојба во трите земји. Особен третман ќе биде направен на родот. Со тоа, студијата цели да го донесе прашањето на агендата на носителите на политиките и да формулира идеи за политиките што ја адресираат под-вработеноста.

Поттикнување економска дебата во Македонија, заснована на докази и водена од податоци

Општа цел на оваа акција е да произведе позитивна општествена промена преку зајакнување на економската дебата во Македонија, базирана на докази од спроведени истажувања и водена од економски податоци.

“Мои пари, моја одговорност”: Партиципативно буџетирање во општините во Македонија

Севкупната цел на проектот е да се подобри праксата и учеството на локалните засегнати страни во процесот на локално буџетирање и да се зголеми ефикасноста на трошењето на општински пари.

Активно вклучување на граѓаните во креирање и мониторинг на локалниот буџет и јавните набавки

Целта на проектот е зголемување на вклученоста на надворешните чинители (граѓани, граѓански организации и локални медиуми) во процесите на креирање и мониторинг на локалните буџети и јавните набавки.

Facebook

Get the Facebook Likebox Slider Pro for WordPress