Родови и доходни нееднаквости

Оваа истражувачка програма се фокусира врз примена на аспекти од поновата економска литература кои се залагаат за родова еднаквост во платите, вработувањето и учеството на пазарот на труд, како и за политики за намалување на нееднаквоста во доходот и богатството.

Следните проекти се спроведени:

Добар или лош данок? Реформирање на македонскиот персонален данок на доход

Главната цел на проектот е да се оцени ефектот од најавената даночна реформа на персоналниот данок на доход.

Родово-одговорен буџет на град Скопје

Целта на ова истражување е да ги идентификува јазовите во родовите политики и во имплементацијата на родово-сензитивен буџет на Град Скопје, како и да даде соодветни препораки за надминување на јазовите.

“Heroes and she-roes”: Знаење за анализа и застапување за еднакви плаќања на жените и мајките во Македонија (SHE-ROES)

Целта на овој проектот е точно да се измери родовиот јаз во платите (разликата во платите меѓу мажите и жените) и мајчинскиот јаз во платите (разликата во платите помеѓу мајките и бездетните жени) во Македонија и да се застапуваат решенија овие јазови.

Визуелизација на родовиот јаз во платите во Македонија: Демистификација на платите и застапување за намалување на јазот

Целта на овој проект е да се подигне свеста за родовата дискриминација во платтите во Македонија.

Дали мајчинството објаснува дел од родовиот јаз во платите во Македонија?

Целта на ова истражување е да го оцени придонесот на мајчинскиот јаз во платите за родовиот јаз во платите во Македонија, по разгледување на карактеристиките на работниците и селективната пристрасност на пазарот на трудот, за делот од населението во доба на одгледување деца.

Анализа на родовиот јаз во платите кога жените се високо неактивни: Докази од повторени импутации со Македонски податоци

Целта на ова истражување е да се испита дали родовиот јаз во вработувањето може да го објасни родовиот јаз во платите и да развие веб-базирана развојна алатка за да се справи со родовата нееднаквост во платите во Македонија.

Facebook

Get the Facebook Likebox Slider Pro for WordPress