Секторски економски политики

Секторските економски политики во Finance Think се разбираат и, оттука, се истражуваат во својата најширока смисла. Имено, овој столб ги опфаќа сите политики поврзани со, и кои имаат импликации врз главните економски и социјални политики. Тие вклучуваат: образование, здравство, земјоделски субвенции, енергија, финансиски пазари и институции и слично.

Програмата ги опфаќа следниве проекти:

Премостување на јазовите меѓу мултинационалните компании и домашните МСП во Македонија

Главната цел на Акцијата е да се воспостават и / или да се подобрат врските помеѓу домашните МСП (дМСП) и мултинационалните компании (МНК) кои работат во Македонија, со крајна цел да се зголеми конкурентноста на домашниот бизнис сектор.

Коруптивните практики му штетат на економскиот раст во Македонија

Целта на ова истражување за политиките е да идентификува коруптивни практики кои влијаат врз економијата во Македонија, и да понуди реални веќе-спроведени слични мерки во ЕУ за справување и сузбивање на овие видови практики.

FISCAST+: Фискалната транспарентност и одговорност ги подобрува политиките во областите на квалитет на живот, образование и здравство

Целта на проектот е да се истражи ефикасноста и квалитетот на избрани политики во областите на квалитет на животот, образование и здравство, преку јавна дебата и решенија за политиките кои произлегуваат од податоци и докази.

Емпириска анализа на ризиците и отпорностa на шокови на македонскиот осигурителен сектор

Целта на ова истражување е да се анализираат ризиците за стабилноста на македонскиот осигурителен сектор и да се измери нивната еластичност на шокови. 

Facebook

Get the Facebook Likebox Slider Pro for WordPress