Социјално претприемништво и жени

Целта на оваа истражувачка програма на Finance Think е да поттикне акција за преточување на социјалното претприемништво во платформа за подигање на животниот стандард и зголемување на еднаквоста на ранливи групи, со посебен фокус врз жените.

Во рамки на оваа програма се спроведуваат следните проекти:

“Heroes and she-roes”: Знаење за анализа и застапување за еднакви плаќања на жените и мајките во Македонија (SHE-ROES)

Целта на овој проектот е точно да се измери родовиот јаз во платите (разликата во платите меѓу мажите и жените) и мајчинскиот јаз во платите (разликата во платите помеѓу мајките и бездетните жени) во Македонија и да се застапуваат решенија овие јазови.

Поттикнување женска самоодржливост преку вградување традиционални вредности во алтернативни туристички атракции во Крушево

Главната цел на проектот е да ја подобри самоодржливоста на жените преку развивање алтернативни туристички атракции од нивните вештини за традиционално, домашно и еколошко производство: везови, плетеници, мармалади од диво овошје, кори и тарана, природен чај и слично.

Зајакнување на жените во Крушево преку мини здружување за продажба и промоција на традиционални производи

Целта на проектот е да се подобри животниот стандард и социјалната вклученост, и да се намали сиромаштијата во Крушево, преку здружување (мини-кластеринг) на жените за производство и продажба на локални, домашни, традиционални, еколошки, и производи од домашна ракотворба.

Facebook

Get the Facebook Likebox Slider Pro for WordPress