Целта на ова истражување е да го оцени придонесот на мајчинскиот јаз во платите за родовиот јаз во платите во Македонија, по разгледување на карактеристиките на работниците и селективната пристрасност на пазарот на трудот, за делот од населението во доба на одгледување деца.

Особено, имаме за цел да оцениме до која мера природната улога на жените да раѓаат и да имаат деца потенцијално влијае врз родовиот јаз во платите. Неодамнешната студија (Петрески и др. 2014), го оцени приспособениот родов јаз во платите во Македонија на 5,7%. Сепак, мајчинството се уште може да објасни некој дел од овој јаз и прелиминарните описни анализи сугерираат дека тоа, најверојатно, го прави јазот пристрасен нагоре. Ова укажува на тоа дека откако ќе се земе предвид мајчинскиот јаз во платите, необјаснетиот родов јаз во платите во Македонија (дискриминаторската плата) може да биде дури и помал. Литературата изобилува со анализи на родовиот јаз корегиран за селективноста и мајчинскиот јаз во платите, поединечно, но спојувањето на двете литератури, како и оценката на овие јазови заедно и во исто време со корекција на селективноста, е ретко. Оттука, ова истражување користи нов методолошки пристап. Имено, јазовите ќе ги оцениме со импутирање на платите на невработените и неактивните, со претпоставување на позицијата на нивната плата во однос на медијалната плата. Потоа импутираните примероци ќе бидат споредени со основниот примерок и ќе се добие големината на пристрастноста поради селективноста. Прилично стандардните Хекман оценки ќе бидат прикажани за споредба. Потоа ќе се примени Блајндер-Оахака декомпозиција на импутираните примероци, за да се разграничи објаснетиот и необјаснетиот дел од родовиот и мајчинскиот јаз во платите, давајќи слика за придонесот на вториот во првиот. Не-параметарски алтернативи на декомпозицијата ќе се искористат како проверки на стабилноста на наодите. Ќе се користи Анкетата на приходи и услови за живеење (2010).

 

Донатор: CERGE-ЕИ и Глобалната мрежа за развој (RRC-15)

Времетраење: 1 година (2015)

 

***

Презентација на Работилницата на ЦЕРГЕ-ЕИ / ГДН во Прага, Август 16-17, 2015.

Работен материјал

 

Recommended Posts