HR Excellence in Research лого

Finance Think ја потпиша Европската повелба за истражувачи во март 2013 година.

Finance Think се стекна со логото HR Excellence in Research во јануари 2014 година.

***

Европска Повелба за Истражувачи

news_img_42[1]

Европската Повелба за Истражувачи е сет од општи принципи и барања кои ги специфицираат улогите, одговорностите и задолженијата на истражувачите, како и на работодавците и/или донаторите на истражувачите. Finance Think ја потпиша Повелбата на 7. Март 2013.

00004558A3EC.538A82AE.0000255F.03A4

Принципите што произлегуваат од Повелбата, а кои се однесуваат на истражувачите вклучуваат истражувачка слобода и етика, одговорност, добра истражувачка практика, вклучување во јавниот живот и супервизорска улога, додека оние кои се однесуваат на работодавците и донаторите вклучуваат признавање на професијата, недискриминација, вреднување на мобилноста и професионалниот развој на истражувачите.

Повеќе информации за Повелбата може да се добијат со клик овде, или со симнување на следната Брошура.

Кодексот на однесување за вработување на истражувачи се состои од сет од општи принципи и барања што треба да се следат од страна на работодавците и донаторите кога назначуваат или вработуваат истражувачи. Finance Think исто така го потпиша и Кодексот на однесување заедно со Повелбата.

leaflet_rights

Принципите што произлегуваат од Кодексот на однесување вклучуваат прашања релевантни за вработувањето на истражувачите, нивната селекција, вреднување на нивната биографија и професионална возраст, признавање на искуството од мобилност и квалификациите, после-докторски позиции и сл.

Повеќе информации за Кодексот на однесување може да се добијат со клик овде, или со симнување на следната Брошура.

HR_01Стратегијата за човечки ресурси за истражувачите (HRS4R) ги поддржува истражувачките институции и организациите за финансирање истражувања во спроведувањето на Повелбата и Кодексот во нивните политики и практики. ХР Логото за извонредност во истражувањето ги идентификува институцитеи и организациите како обезбедувачи и поддржувачи на стимулативна и поволна работна и истражувачка средина. Finance Think е дел од HRS4R, а со логото се стекна на 28 Јануари 2014.

Акцискиот план на Finance Think вклучува оценка на внатрешната состојба и потребните чекори за целосна имплементација на Повелбата и Кодексот во работењето на Асоцијацијата. Може да му пристапите тука (енг).

 

Facebook

Get the Facebook Likebox Slider Pro for WordPress