Летна школа „Анализа на податоци за јавните политики“

Главната цел на летната школа е да се обезбедат знаења, вештини и совети за анализа на податоци кои ќе се користат во анализата и оценувањето на јавните политики од страна на напредни студенти на додипломски студии, магистерски студенти, кандидати за докторски студии и млади научници од областа на економијата. Темата на летната школа е “Анализа на податоци за јавна политика”.


Летната школа ќе се фокусира на градење квантитативни вештини во следните домени:
– Основна регресија и претпоставки кои лежат во основата на класичниот модел на линеарна регресија
– Дијагностичко тестирање
– Вовед во анализа на податоци со Stata (основни команди, визуализации, вкрстени табели)
– Примена на основите на регресија за пресметување на родовата разлика во платите
– Селекција во економетријата: моделот на Хекман
– Селекција во економетријата: Повторени импутации (симулациски вежби)
– Декомпозиција на Оаксака-Блајндер
– Квинтална регресија
– Вовед во анализа на податоци користејќи Р
– Мешани линеарни модели
Учесниците ќе имаат можност да ги научат знаењата директно во Stata и R, водени од истакнати регионални научници, вклучително и интерактивни и динамични дискусии.

Донатор: Фонд за Западниот Балкан

Партнери: Школата за бизнис и економија при Универзитетот во Сараево и Научно-истражувачкиот центар при Универзитетот во Белград

***

Повик за апликации

Facebook

Get the Facebook Likebox Slider Pro for WordPress