MK-MOD – Микросимулациски модел за даноци и надоместоци

Finance Think го одржува и прилагодува МК-МОД – Микросимулациски модел за даноци и надомести за Македонија. Моделот овозможува пресметка на ефектите од даноците и надоместите врз доходот на домаќинствата и мотивот за работа за населението во земјата.

МК-МОД е статичен модел, применувајќи кориснички-дефинирани правила за даноците и недоместите врз микро-податоци за поединци и домаќинства, ги пресметува ефектите од овие правила врз доходот на домаќинствата, а потоа продуцира резултати – сèуште на микро ниво. Моделот е базиран на STATA.

Ние го користиме МК-МОД за да симулираме колку што е можно повеќе од компонентите од даноците и надоместите врз расположливиот доход на домаќинствата, симулирајќи ги следните инструменти: даноци на доход, социјални придонеси, надоместоци за домаќинството, социјална помош и други надомести поврзани со доходот.

МК-МОД му припаѓа на семејството на ЕУРОМОД – Модел за микросимулација на даноци и надомести на Европската унија.

МК-МОД може да се поврзе или да се користи заедно со други видови модели (бихевиорални, макроекономски или еколошки) како калкулатор на даночните политики или да обезбеди дистрибутивна перспектива.

Моделот е достапен за заинтересирани страни, само во просториите на Finance Think и под одредени договорни односи. Во случај да сакате да го користите, испратете барање на info@financethink.mk.

Facebook

Get the Facebook Likebox Slider Pro for WordPress