Севкупната цел на проектот е да се подобри праксата и учеството на локалните засегнати страни во процесот на локално буџетирање и да се зголеми ефикасноста на трошењето на општински пари.


Посебните цели / задачи на проектот вклучуваат:

  • Зголемување на учеството на локалните заинтересирани страни – граѓанското општество, бизнис заедницата, граѓаните, локалните медиуми – во процесите на локално буџетирање;
  • Зголемување на свеста на локалното население за тоа како трошење на општинските пари влијае на квалитетот на нивниот живот;
  • Зголемување на кредибилитетот и ефикасноста на одлуките на локалните власти во врска со трошењето на јавните пари, како и подигање на свеста за (потребата од) транспарентност во врска со тоа.

За постигнување на целите на проектот, 6 членови на мрежата FISCAST (плус Finance Think) ќе ја претставуваат суштината на целата мрежа во овој проект. Тие беа внимателно избрани од редот на мрежата FISCAST, врз основа на два критериуми: 1) Членови на FISCAST кои имале искуство со одредени општини; и 2) Членови на FISCAST кои имале пристојна соработка со Finance Think (и во рамките на мрежата воопшто) во минатото (во однос на квалитетот на испораки, навременоста, одговорноста и така натаму). Следниве членови на FISCAST обезбедија писмена согласност и овие се почетните општините што ќе бидат опфатени:

  • Квантум Прима – Кавадарци, за покривање: Кавадарци, Неготино
  • Институт ЗИП – Скопје, за покривање: Сарај, Ѓорче Петров
  • Егри Граѓански Центар за одржлив развој – Крива Паланка, за покривање на две или три од: Крива Паланка, Куманово, Старо Нагоричане
  • Иницијативен Глас – Прилеп, за покривање: Прилеп, Кривогаштани
  • Институт ИМАПКТ- Скопје, за покривање: Струмица
  • Центар за управување со промени (ЦУП) – Скопје, за покривање: Центар, Ѓорче Петров (заедно со ЗИП)
  • Finance Think: Крушево, Центар (заедно со ЦУП)

 

Времетраење: Мај 2017 – Мај 2020

Донатор: USAID Civic Engagement Project преку East West Management Institute

 

Recommended Posts