Јапонска награда за исклучително истражување за развој

Благица Петрески, во рамки на тим предводен од д-р Марјан Петрески и член д-р Никица Мојсоска Блажевски, двајцата од Универзитетот Американ Колеџ Скопје, ја освои Јапонската награда за исклучително истражување за развој – Втора награда во светот, од Глобалната Мрежа за Развој и Владата на Јапонија. Наградениот предлог проект е: „EдПлаКо-MK: Алатка за поголема родова еднаквост во платите во Македонија“.

Резиме на истражувањето

Македонскиот пазар на труд се карактеризира со релативно голема родова нееднаквост во вработеноста, заедно со значителна родова нееднаквост во платите. Овие нееднаквости се зголемуваат при пониски нивоа на образование. Целта на ова истражување е да се испита дали родовиот јаз во вработувањето може да фрли малку повеќе светло врз родовиот јаз во платите. Особено ниско-до-средни квалификуваните жени во Македонија може да влијаат врз родовиот платен јаз поради нивната неактивност, што може да се должи на одгледувањето деца, неплатени семејни работнички, високата резервациска плата и дознаките што ги добиваат од машки мигранти. Овој проект предлага да се истражат овие аспекци со проценка на родовиот платен јаз прилагоден за карактеирстиките на работниците и со корегирана селективна пристрастност на оценките за различни нивоа на вештини во Република Македонија. Емпирискиот приод ќе се базира на симулирање на распоредот на платите што би преовладал ако изборот да се работи е целосно случаен. Како иновативен пристап кон ова прашање, ќе искористиме техники на алтернатива импутација кои не бараат претпоставки на реалното ниво на платите што недостасуваат во распоредот, што обично се бара во пристапот на мечирање, ниту пак бараат произволни исклучувачку ограничувања присутни во двофазниот Хекманов модел за избор на примерок. На ниво на политики, прашањето доби на значење и Владата одговори со формирање комисии за еднакви можности на национално и локално ниво, но проблемот на родовата (платна и вработувачка) дискриминација не е решен. Нашето истражување може да фрли нова светлина врз ова прашање и да помогне во 1) осмислување поцелосна стратегија за еднакви можности за вработување, и, уште поважно, 2) воспоставување на ЕдПлаКо-МК како веб-алатка која ќе служи како стандард за помош на работодавачите (јавни и приватни) да развијат најдобри практики за фер вработување и надоместок.

Facebook

Get the Facebook Likebox Slider Pro for WordPress