Вредности и особености

Со цел да се постигне лидерство во истражувањето и застапувањето, Finance Think поттикнува aтмосфера на интелектуална возбуда меѓу истражувачите, носителите на политиките и пошироката заедница. Ги предизвикуваме истражувачите да откриваат нови знаења. Препознаваме дека истражувачките барања поттикнуваат креативна аналитика, која ја поттикнува интелектуалната атмосфера во процесот на истражување.

Ако постои еден атрибут што го разликува Finance Think од сите национални институции за истражување, тоа е поврзаноста – интерактивноста – на институтот со општеството и со меѓународната заедница. Ние веруваме дека истражувачките центри се најостварливи кога се интерактивни, кога ги одразуваат и се стремат да одговорат на проблемите и предизвиците на нивните општества.

Finance Think е воден од следниве принципи и вредности:

Примена и квалитет на истражувањата и истражувачка етика

  • Истражувачката агенда е поврзана и интегрирана со мисијатата на институтот, а истражувачите се усогласени со стратешките цели што ја водат истражувачката средина и механизмите за финансирање.
  • Истражувањата се применети, иновативни, ориентирани кон политиките и со висок квалитет.
  • Истражувањата се интердисциплинарни и поттикнуваат соработка.
  • Истражувачите се фокусираат врз нивните истражувања за доброто на општеството и животниот стандард, како и за проширување на границите на научните знаења, додека ја уживаат слободата на мислата и изразувањето, како и слободата да идентификуваат методи за решавање на идентификуваните проблеми, според признаени етички принципи и практики.

 

Досег и вклученост

  • Резултатите и наодите од работата на Finance Think се дисеминираат така што може да бидат разбрани од не-специјалисти, а со тоа да водат кон подобрување на разбирањето на јавноста за економијата, политиките и реформите.
  • Институтот обезбедува колегијалнa и негувана професионала средина, признавање на сите вработени како професионалци, и не врши каков било вид дискриминација.

 

Транспарентност и ефикасност

  • Finance Think управува со своите активности на трошочно-ефикасен начин, и се фокусира врз исходи и влијание. Благодарно ја осознава поддршката што ја добива и е заинтересиран за испорачување вредност за пари при остварувањето на својата мисија.
  • Политиките и процедурите на Finance Think се транспарентни.
  • Оценката на активностите на Finance Think е постојана и транспарентна.

***

Finance Think ги поседува следните особености:

Независност. Finance Think има карактеристика на независен, непристрасен економски истражувачки институт. Тој нема институционална или политичка припадност, а неговата единствена посветеност е да служи на својата мисија.

Лидерство и оперативно искуство. Finance Think има акумулирано силно и разновидно лидерско и оперативно искуство во управувањето со националните и регионалните истражувачки програми и во работа со поединци и институции низ целата земја и регионот. Лидерските и оперативните капацитети произлегуваат од првокласните економисти кои го водат и работат за институтот.

Вработени. Finance Think има мал, компетентен и повеќестран тим. Тоа е пргава структура чија улога е да иницира, координира и да ја фасилитира работата базирана на истражувања, и која учи од минатото работење и искуство на Finance Think, како и од мрежата на експерти и соработници.

Првокласен и разновиден Советодавен одбор. Finance Think има првокласен, разновиден Советодавен одбор. Раководната структура на Finance Think ја зајакнува неговата независност и се фокусира врз квалитетот.

Партнерства и глобална мрежа. Finance Think се потпира врз силна домашна, регионална и глобална мрежа. Тој е основач на FISCAST, мрежа за фискална одговорност и транспарентност, и има многу локални и регионални партнери – мрежи, со што комбинира локален и глобален досег.

Јавен имиџ. Finance Think ужива репутација на врамнотежена, веродостојна и отворена институција во јавниот дискурс, медиумите и носителите на политиките. Неговите мислења изразени во јавната дебата се разбираат само низ призмата на компетентноста и се пренесуваат преку разновидни канали.

Facebook

Get the Facebook Likebox Slider Pro for WordPress