Економски тим

Тимот на Finance Think е составен од истакнати и признаени економски истажувачи, со економско образование и професионално искуство, како и подготвеност да понудат квалитетни истражувања, критика и препораки до носителите на економските политики.

Благица Петрески

Благица Петрески

Главен економист (Извршен директор)

 

Благица е основач, Главен економист (Извршен директор) на Finance Think. Нејзините истражувачки интереси вклучуваат палета од развојни теми како сиромаштија, невработеност, родова нееднаквост, социјално претприемништво за жени. Таа е посветен застапувач за подобри економски политики и е активно вклучена во обликување на јавната дебата за економски прашања во земјата и странство. Таа има докторат на економски науки од Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, за чии цели истражувала и на ЦЕРГЕ-ЕИ во Прага и на Словачката Академија на Науките. Таа е и алумни на Инцијативата за млади трансатлантски иновациски лидери. Благица ја доби Наградата за млад истражувач на годината доделена од страна на Народната банка на Македонија, како и Наградата за најдобар труд во областа на ризици и осигурување од Агенцијата за супервизија на осигурувањето. Благица има богат публикувачки запис, што вклучува 7 труда во реномирани рецензирани списанија листирани на Web of Science.

Деспина Туманоска

Деспина Туманоска

Програмски координатор

 

Деспина е основач, член на Извршниот Одбор и Програмски координатор во Finance Think. Нејзните истражувачки интереси вклучуваат прашања како макроекономски политики, невработеност, секторски економски политики, применета економетрија и слично. Деспина е активно вклучена во јавната дебата за актуелни економски теми. Таа е докторски кандидат по економија и магистер по економија од Универзитетот Американ Колеџ Скопје и дипломец по финансиски менаџмент од Универзитетот Св. Кирил и Методиј Скопје во областа на финансискиот менаџмент. Во 2012 година, таа ја доби Годишната награда за млад истражувач доделена од страна на Народната банка на Република Македонија. Деспина е активен научен публикувач, што вклучува и 3 труда објавени во списанија индексирани на Web of Science.

Тереза Кочовска

Тереза Кочовска

Самостоен економски аналитичар

 

Тереза е самостоен економски аналитичар во Finance Think. Претходно, таа беше задолжена за сите организациски и административни работи, буџетско-финансиски работи, од кои дел извршува сеуште. Таа е докторски кандидат на економски науки и магистер во финансии на Универзитетот Американ Колеџ Скопје. Нејзината област на истражување вклучува пазар на труд, монетарна политика и применетата економетрија. Таа се приклучи на Finance Think во 2015 година.

Благој Ѓелевски

Благој Ѓелевски

Економски аналитичар I

 

Благој се приклучи на Finance Think во јуни 2017 година како теренски координатор на мрежата FISCAST. Тој е магистер по политички менаџмент од Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Благој е основач на невладината организација Квантум Прима од Кавадарци. Други области на неговиот интерес вклучуваат статистика, анализа на податоци и веб дизајн. Благој бил стипендист на фондацијата Конрад Аденауер. Тој е пронаоѓач на "Приоритетен модел на рангирање" (математички модел за ДСС (Одлука за поддршка на софтвер)), кој е регистриран во Македонската Авторска Агенција под ознаката "МК 1074".

Бојана Јосифовска

Бојана Јосифовска

Помлад економски аналитичар

 

Бојана се приклучи на Finance Think во декември 2018 година. Таа магистрираше Финансии на Кралскиот колеџ во Лондон, каде што дипломираше со Почест и доби награда за најдобра дисертација за нејзината програма. Таа, исто така, има диплома по Финансиски менаџмент од Универзитетот "Св. Кирил и Методиј ". Бојана има широк интерес за економски и финансиски истражувања, вклучително макроекономија, фискално буџетирање, пазари на финансиски средства, анализа на податоци и економетриско моделирање. Работела на проекти за мерење на банкарска конкуренција и договарање, спојувања и преземања во јавните претпријатија и буџетски анализи на македонските општини.

Бесник Мустафа

Бесник Мустафа

Помлад економски аналитичар

 

Бесник се приклучи на Finance Think во март 2019. Магистрирал со почест во меѓународен бизнис и пазари во развој од Универзитетот во Единбург, Велика Британија. Дипломирал меѓународни економски односи од Меѓународниот балкански универзитет. Бесник има широк опсег на интереси, од меѓународна економија (меѓународна трговија, регионални договори за слободна трговија, текови на СДИ), меѓународен бизнис (интернационализација на фирми), со фокус врз пазарите во развој и развојните политики. Работел на текови на официјална развојна помош и дознаки во Западен Балкан, како и на интернационализација на компании во развој.

Бојана Ѓуроска

Бојана Ѓуроска

Специјалист за визуелизации и јавен имиџ

 

Бојана Ѓуроска се приклучи на тимот на Finance Think во септември 2018 година како Специјалист за визуелизации и јавен имиџ. Има диплома за индустриски дизајн на Машинскиот факултет во Скопје при Универзитетот Кирил и Методиј во Скопје. Како Специјалист за визуелизации и јавен имиџ во Finance Think, таа е оспособена да користи различни софтвери како InDesign, Illustrator, Acrobat и Dreamweaver. Други области од нејзиниот интерес вклучуваат фотографија и видеографија.

Сандра Соколенко-Тодороска

Сандра Соколенко-Тодороска

Организациско-административен соработник

 

Сандра Соколенко Тодороска се приклучи на тимот на Finance Think во мај 2018 година како Организациско-административен соработник. Таа е магистер по правни науки од Универзитетот Американ Колеџ Скопје, а дипломираше на Правниот факултет „Јустинијан Први“ од Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје. Во помал дел од своето време, таа работи и на прибирање примарни податоци од области кои вклучуваат прашања како макроекономски политики, социјална заштита, здравствена заштита, образование, невработеност и слично.

Следната е листа од поранешни вработени во Finance Think.

Теодора Арсовска

Теодора Арсовска

Економски аналитичар I

 

Теодора беше член на тимот на Finance Think од октомври 2016 до мај 2017 година, како како дел од Програмата за професионален развој на млади истажувачи на Тhink Tank Fund од Будимпешта, по чие завршување премина во наш надворешен соработник. Теодора ја продолжи својата професионална кариера во Стопанска банка АД Скопје. Теодора дипломираше на Универзитетот Американ Колеџ Скопје во 2014 во областа на финансиите, а магистрираше на Универзитетот во Љубљана, во областа на управување со јавниот долг. Сферите на интерес вклучуваат макроекономија, монетарна и фискална политика, банкарски системи и финансиски пазари.

Иван В`чков

Иван В`чков

Економски аналитичар I

 

Иван беше дел од тимот на Finance Think помеѓу октомври 2015 и декември 2018. Иван работеше на прашања сврзани со фискалната транспарентност, партиципативното буџетирање, дознаките и родовиот јаз во платите. Тој дипломираше на Универзитетот од Оулу, Финска во областа на финансиите и на Универзитетот од Велс – Институт, Кардиф, во областа на управувањето со агробизнис. Тој е член на Финската асоцијација на дипломци од бизнис школи. Иван ја продолжи својата професионална кариера во UN Women.

Ива Трајковска

Ива Трајковска

Економски аналитичар I

 

Ива беше дел од тимот на Finance Think од април 2018 до јануари 2019 како Економски аналитичар на прашањата за дијагностика и надминување на јазот меѓу странските и домашните компании во Македонија. Потоа, кариерата ја продолжи во Грант Торнтон. Магистрирала во областа Меѓународен бизнис и финансии на Hult Business School (2017), а дипломирала во Финансии на Универзитетот Американ Колеџ Скопје (2014). Ива, исто така, има две специјализации: во Финансии и банкарство на УАКС (2015) и во Финансии на Лондонската школа за бизнис и финансии (2017). Ива беше вклучена во проекти со Unilever за развој на бизнис модели за социјално влијание и со Virgin Money за создавање нов модел на студентски кредити во Велика Британија, за да се намали долгот на Велика Британија.

Facebook

Get the Facebook Likebox Slider Pro for WordPress