Посебни комитети

Надзорна комисија

Надзорната комисија на Finance Think е тело кое врши надзор над работата на целиот институт. Таа е формирана на 1 февруари 2017, со следниот мандат:

  1. Врши надзор врз правилното спроведување и примена на одредбите од Статутот и другите акти на Институтот;
  2. Врши надзор врз извршувањето на одлуките на Собранието, Управниот одбор и на другите тела на Институтот;
  3. Врши надзор врз извршувањето на буџетот;
  4. Предлага мерки за спречување и отстранување на неправилностите во работата;
  5. Одобрува договори и зделки на Институтот со лица кои не се вработени во него, а кои се поврзани на суштински начин;
  6. Врши и други работи согласно законот и актите на Институтот;
  7. Еднаш годишно поднесува извештај за направениот увид до Собранието на Институтот.

Надзорната комисија брои 2 (два) члена со мандат од 2 (две) години и можност за повторен избор.

Тековни членови (Mарт 2019 – Февруари 2021)

Сашо Клековски

Павле Гацов

***

Комисија за набљудување, оценка и учење (МЕЛ)

МЕЛ комисијата на Finance Think е тело кое го набљудува и оценува влијанието на работата на Институтот врз политиките, законските акти, непосредните групи и јавната дебата. Таа е формирана на 1 февруари 2017, со следниот мандат:

  1. Составува и предлага за усвојување до Собранието на Институтот Стратегија за набљудување, оценка и учење (МЕЛ стратегија);
  2. Еднаш годишно составува Извештај од набљудувањето, оценката и учењето (МЕЛ Извештај) и истиот го поднесува до Главниот економист и предлага негово вклучување во Годишниот наративен извештај на Институтот;
  3. Врши одобрување на компонентите за набљудување, оценка и учење во состав на проектните апликации;
  4. Врши ревизија и одобрување на активностите за набљудување, оценка и учење во рамки на проектите што ги спроведува Институтот;
  5. Составува повремени извештаи за набљудување, оценка и учење која тоа е потребно;
  6. Врши и други задачи во делокругот на набљудување, оценка и учење делегирани од страна на Главниот економист (Извршниот директор),

МЕЛ комисијата брои најмалку 2 (два) члена, од кои најмалку 1 (еден) е вработен во Finance Think, со мандат од 2 (две) години и можност за повторен избор.

Тековни членови (Mарт 2019 – Февруари 2021)

Деспина Туманоска

Претседател на комисијата

Марјан Петрески

Надворешен член

Facebook

Get the Facebook Likebox Slider Pro for WordPress