FISCAST-NET

FISCAST-NET е мрежа од економски тинк тенкови, економски експерти и консултантски куќи за фискални прашања, чија цел е да претставува јадро од експертиза во областа на фискалните прашања во Македонија. Поконкретно, целта на мрежата е да се подобри капацитетот за спроведување анализи за и напори за застапување на различни аспекти од трошењето на јавните пари и да поттикне јавна дебата и свесност.

FISCAST е кратенка за “FISCal Accountability, Sustainability and Transparency”, додека логото претставува една куќа што симболизира домаќинско ракување со јавните пари, а трите столбчиња кои растат симболизираат (потреба од) зголемување на отчетноста, одржливоста и транспарентноста на фискалната политика во Македонија.

FISCAST-NET е создадена во рамките на проектите што Finance Think ги спроведува со поддршка од Британската амбасада во Македонија  (проект 1; проект 2).

Интернет-страницата на мрежата е www.fiscast.mk.

Видеото од проектот може да се погледне овде.

Книгата од проектот може да си симне овде: МК верзијаАЛ верзија.

Во склоп на мрежата, се случија следните активности:

  • Иницијален состанок за формирање на јадрото на FISCAST-NET (Скопје, 28 октомври 2015) – Галерија – Банер
  • FISCAST-NET работилница 1: Идентификување политики за анализа (Крушево, 20 ноември 2015) – Галерија
  • FISCAST-NET работилница 2: Алатки за кост-бенефит анализа (Крушево, 21-22 ноември 2015) – Галерија
  • FISCAST-NET работилница 3: Кост-бенефит анализа за економски новинари (Скопје, 30 ноември 2015) – Галерија
  • Повик за апликации за спроведување кост-бенефит анализа – ПовикПријава – Избрани организации
  • FISCAST-NET Мидтерм средба (Крушево, 22-24 Јануари 2016) – Галерии  1 23
  • Тркалезна маса: „Како се трошат народните пари: Поттикнување на вработувањето или социјална помош?“ (Тетово, 9 март 2016) – Покана и агендаГалерија
  • Тркалезна маса: „Како се трошат народните пари: Колку се инвестира во животната средина?” (Тетово, 9 март 2016) – Покана и агендаГалерија
  • Тркалезна маса: „Како се трошат народните пари: Образование, инфраструктура, СДИ” (Штип, 22 март 2016) – Покана и агендаГалерија
  • Економски форум: „Како се трошат народните пари? Креирање политики базирани на докази“ (Скопје, 29 март 2016) – Invitation & agenda – Галерија
  • Експертски дебатен клуб (Скопје, 26 октомври 2016) – Галерија

Facebook

Get the Facebook Likebox Slider Pro for WordPress