Целта на овој проект е да ги зајакне реформите на конкурентноста и дијалогот за политикте во Северна Македонија како клучни за забрзување на пристапот во ЕУ.

Во рамки на оваа вкупна цел, предлогот цели и кон ставање на овие сознанија во контекст на тоа како пандемијата од Ковид-19 може да влијае врз забрзување на структурните реформи во три клучни сектори: образование/вештини, приватен сектор и јавни инвестиции. Неколку клучни институции од доменот на економските политики се таргет на овој предлог: канцеларија на вицепремиерот за економски прашања, Министерствата за финансии, за економија и за образование и наука.

Активностите на проектот се дизајнирани околу три кластери: 1) Продуцирање докази засновани на истражување на клучните празнини во реформите, слаби области на политики, исчезнати институционални врски, нивно втемелување во избраните поглавја за преговори со ЕУ, и ставање во контекст на ефектите од пандемијата; 2) Поттикнување дијалог на политиките со широк опсег на засегнати страни; и 3) Пожива јавна дебата за спојот „конкурентност – пристапување во ЕУ“ во време на пандемија од Ковид-19. Долгорочниот очекуван резултат/импакт на проектот е посилен долгорочен темел на конкурентноста како средство за пристапување во ЕУ со искористување на пандемијата од Ковид-19 во насока на забрзување на некои структурни поместувања.

Донатор: Владата на Република Северна Македонија

Времетраење: Август – Декември 2021

Recommended Posts