Прогнозирање на големината и ефектите од иселувањето и дознаките во четири земји од Западниот Балкан

Целта на проектот е да се предвиди големината и влијанието на дознаките од странство и иселувањето во 4 земји од Западниот Балкан, преку нов метод: Делфи прашалник.

Поконкретно, проектот ги има следните задачи: 1) да обезбеди преглед на литература за прогнозирање на дознаките од странство и иселувањето; 2) да се соберат податоци преку прашалник Делфи од економски експерти и приматели на дознаки; 3) да се предвидат дознаките и иселувањето врз основа на податоците добиени во (2); 4) да даде препораки за политиките врз основа на предвидените трендови; и 5) да се споредуваат прогнозираните трендови меѓу четирите земји.

 

Донатор: Регионална програма за промоција на истражувањата

Партнери во проектот: ACSER Албанија, FREN Србија, индивидуален истражувач Косово

Времетраење: 6 месеци (2016)

 

***

Проектна средба, Истанбул, Турција, 27-30 Октомври 2016 – Агенда – Галерија

Тркалезна маса на тема “Иднината на дознаките од странство и иселувањето: Може тие да се предвидат?”, 22 ноември 2016 година, на Економскиот факултет во Прилеп – Покана и агенда – Галерија

Инфографикони – Mакедонија – Србија – Aлбанија – Koсово

Медимско присуство – MРT – Teлма – Нова Македонија

Интернет страница

Резултати од прогнозирањето – Македонија – Србија – Албанија – Косово

Студија за политиките

 

Миграцијата како социјална заштита: Анализа на македонски, албански и српски домаќинства што примаат дознаки

Целта на истражувањето е да се испита дали дознаките испратени во Македонија, Албанија и Србија служат како социјална заштита за оставените членови на домаќинството.

Анализираме дали и како дознаките влијаат врз социјалната состојба (стабилност или ранливост) на домаќинството, опишана преку индекс составен  од доходот/примањата, работниот статус, исраната, здравјето и условите на домувањето. За целите на студијата, имаме за цел да ја дефинираме социјалната стабилност / ранливост не во традиционална смисла – само како “долар на ден” – туку во однос на способноста на домаќинствата да ги задоволат своите основни потреби покрај примањата: исхрана, здравствена заштита, домување, рекреација и слично. Ова допира до она што Green (2014) го забележа: “да се биде сиромашен и болен е многу различно од да се биде сиромашен и здрав”, и ја дефинира социјалната стабилност во оваа мултидимензионална рамка.

Клучните задачи вклучуваат:

  • развивање преглед на литературата што ги поврзува дознаките од странство со социјалната заштита и социјалната ранливост;
  • осмислување показател за социјалната ранливост;
  • економетриско испитување на причинско-последична поврзаност меѓу дознаките и социјалната ранливост;
  • длабинско квалитативно истражување преку интервјуа на врските контекстите на двата феномени (дознаки и социјална ранливост);
  • осмислување предлози за политики;
  • широка комуникација со креаторите на политиките и јавноста.

 

Донатор: Регионална Програма за Унапредување на Истражувањето

Времетраење: 2 години (2014-2016)

 

***

Проектна средба, Рим, 2-5 април 2015 – Агенда – Галерија

Појавување во медумите – Економски хоризонти – РеволуционерМК

Презентација на РРПП Годишна конференција, Охрид, 28-29 Мај 2015 – Ресурси

Тркалезна маса, 10 јуни 2015 – Покана– Agenda – Галерија– Презентација

Меѓународна конференција на Евроазиските Економии, 9-11 Септември 2015, Казан Русија – Презентација – Proceedings

Обука & Проектна средба, Амстердам, 16-20 март 2016 – Агенда – Галерија 1 2

Работилница “Миграцијата и нејзините последици за Албанските домаќинства”, Eлбасан, Aлбанија, 8 септември 2016 – Агенда

EBES Меѓународна конференција, Виена, Австрија, 28-30 септември 2016 – Слика

Економски форум, Скопје, 22 септември 2016 – Агенда– Галерија

 

***

Брифови за политиките – Македонија– Албанија– Србија

Меѓународна книга ”Миграцијата како социјална заштита”

Труд во списанието Меѓународна миграција

 

Симулација на ваучер политика за подобрување на социјалните услови на индивидуални приматели на дознаки во Македонија

Целта на истражувањето е да се развие симулација на потенцијален ваучер систем за социјална заштита на индивидуални членови на домаќинството што прима дознаки во Македонија.

Конкретни цели:

  • да спроведе анализа за Македонија на индивидуално ниво (користејќи ја DotM Анкетата за дознаки 2008)
  • да развие економетриски модел;
  • да изведе симулација за ефектите од потенцијален ваучер за заштита на социјално ранливи индивидуални приматели на дознаки, преку симулирање на ефектите врз индикаторот за здравје на примателот.

 

Донатор: Партнерство за економски политики

Времетраење: 2014-2015 (1 година)

 

***

Бриф за политиките – ENG – MK

Работен материјал

Конференција за политиките – Покана – Галерија

Труд во списание

 

Самовработеност на младите во домаќинства што примаат дознаки во Македонија

Овој проект има за цел да истражи како дознаките може да се користат за поддршка на претприемачките активности на невработените млади во домаќинства што примаат дознаки, во услови на глобална економска криза, затегнати кредитни услови, недостаток на капитал за финансирање и дисфункционален пазарот на трудот.

Ниското создавање работни места и високата невработеност се најважните проблеми на Македонија. Стапката на невработеност на младите од 55% останува упорно висока. Од друга страна, Македонија добива дознаки од миграцијата во износ од над 20% од БДП на годишно ниво. Нивната употреба, сепак, во голема мера останува непозната. Овој проект има за цел да истражи како дознаките може да се искористат за поддршка на претприемачките активности на невработените млади во домаќинствата што примаат дознаки, во услови на глобална економска криза, затегнати кредитни услови, недостаток на капитал за финансирање и дисфункционалност на пазарот на трудот. Ќе ја искористиме Анкетата за дознаки спроведена во септември / октомври 2012 година, да се ја истражиме веројатноста дека еден млад човек ќе влезе во само-вработување ако неговото / нејзиното домаќинство добива дознака. Предлагаме две техники: i) вкрстување според оценка на сличности, со цел да се најде слично, во карактеристики, домаќинство кое не добива дознаки и б) пристап на инструментални променливи, со цел да се земе предвид потенцијалната ендогеност на дознаките во однос на одлуката да се воспостави сопствената фирма. Очекуваме дека наодите ќе ни овозможат да предложиме препораки за политиките во фискалната, социјалната сфера и на пазарот на труд, во насока на канализирање на голема количина на дознаки во Македонија во генерирање на работни места за младите.

 

Донатор: Партнерство за економски политики

Времетраење: 2013-2014 (1 година)