Сиромаштија, вработување и вештини

Оваа истражувачка програма се однесува на серија развојни прашања што го опфаќаат квалитетот на животот на граѓаните и вклучува, но не се ограничува на прашања како: сиромаштија, минимална плата, учество на пазарот на труд, невработеност, квалитет на образованието, сива економија, продуктивност, социјална заштита, социјален дијалог и индустриски односи и сл.

Во рамките на оваа програма се спроведуваат следните проекти:

Оценка на ефектите од Ковид-19 врз сиромаштијата, со фокус врз најранливите категории граѓани

Целта на овој проект е да го процени ризикот од сиромаштија наметнат од Ковид-19 кризата, со посебен осврт кон групите најизложени на социјален ризик, и да ја подигне информираноста и свесноста за искористување на мерката за олеснет влез во системот на гарантирана минимална помош.

Одговор на социо-економските ефекти од КОВИД-19 преку поддршка на ранливите групи на ниско-платени работници, работници кои се дел од неформалната економија и привремено вработени работници

Основна цел на проектот е намалување на социо-економските последици од кризата предизвикана од Ковид-19 врз ранливите категории работници.

Социоекономска проценка на средно- до долгорочните ефекти од Ковид-19 врз секторите сврзани со децата

Целта на проектот е да изврши квалитативна и квантитативна оценка на средно- до долгорочните ефекти од Ковид-19 врз секторите сврзани со децата, и тоа: социјална заштита, образование и здравствена заштита.

Родова еднаквост на работното место: Мониторинг на локално ниво

Главната цел на проектот е промоција и поттикнување родова еднаквост и недискриминација при вработување и на работното место.

Оценка на потребите од социјални услуги на општинско ниво

Целта на проектот е да изврши оценка на потребите од социјални услуги во сите 80 општини на територијата на Северна Македонија.

360o мониторинг на обезбедувањето социјални услуги на локално ниво: Искуства од општините Прилеп и Долнени

Општа цел на проектот е подобрување на испораката на социјалните услуги на локално ниво, преку зголемување на капацитетите на локалните засегнати страни и вклучување на граѓаните во овој процес, во општините Прилеп и Долнени.

Facebook

Get the Facebook Likebox Slider Pro for WordPress