Finance Think https://www.financethink.mk Economic Research & Policy Institute Wed, 18 Feb 2026 07:16:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.7.1 https://www.financethink.mk/wp-content/uploads/2020/10/cropped-ft-favicon-01-32x32.png Finance Think https://www.financethink.mk 32 32 Над 200 милиони евра годишно за државна помош – потреба од поголема транспарентност и контрола https://www.financethink.mk/%d0%bd%d0%b0%d0%b4-200-%d0%bc%d0%b8%d0%bb%d0%b8%d0%be%d0%bd%d0%b8-%d0%b5%d0%b2%d1%80%d0%b0-%d0%b3%d0%be%d0%b4%d0%b8%d1%88%d0%bd%d0%be-%d0%b7%d0%b0-%d0%b4%d1%80%d0%b6%d0%b0%d0%b2%d0%bd%d0%b0-%d0%bf/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=%25d0%25bd%25d0%25b0%25d0%25b4-200-%25d0%25bc%25d0%25b8%25d0%25bb%25d0%25b8%25d0%25be%25d0%25bd%25d0%25b8-%25d0%25b5%25d0%25b2%25d1%2580%25d0%25b0-%25d0%25b3%25d0%25be%25d0%25b4%25d0%25b8%25d1%2588%25d0%25bd%25d0%25be-%25d0%25b7%25d0%25b0-%25d0%25b4%25d1%2580%25d0%25b6%25d0%25b0%25d0%25b2%25d0%25bd%25d0%25b0-%25d0%25bf Wed, 18 Feb 2026 11:49:14 +0000 https://www.financethink.mk/?p=16503 Над 200 милиони евра годишно се издвојуваат за државна помош во Северна Македонија, но средствата се раштркани низ различни институции, што го отежнува нивното следење и управување. Според податоците на Комисијата за заштита од конкуренција, државната помош во 2023 година изнесувала 206 милиони евра (околу 1,5% од БДП), а во 2024 година достигнала 235,2 милиони […]

The post Над 200 милиони евра годишно за државна помош – потреба од поголема транспарентност и контрола first appeared on Finance Think.

The post Над 200 милиони евра годишно за државна помош – потреба од поголема транспарентност и контрола appeared first on Finance Think.

]]>
Над 200 милиони евра годишно се издвојуваат за државна помош во Северна Македонија, но средствата се раштркани низ различни институции, што го отежнува нивното следење и управување. Според податоците на Комисијата за заштита од конкуренција, државната помош во 2023 година изнесувала 206 милиони евра (околу 1,5% од БДП), а во 2024 година достигнала 235,2 милиони евра или 1,52% од БДП.

Овие прашања беа во фокусот на регионалната панел-дискусија „Зајакнување на управувањето со државната помош во Западен Балкан: транспарентност, ефективност и усогласување со ЕУ“, организирана од „Фајненс тинк“, на која учествуваа над 40 претставници од институциите од земјите на Западен Балкан. Заклучокот беше јасен: неопходно е воспоставување централен регистар за државна помош, кој ќе овозможи подобра транспарентност, координација и мерење на ефектите од различните програми.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска истакна дека станува збор за сериозен фискален износ кој мора да се третира како инвестиција, а не како товар:

„Државната помош не смее да претставува товар за јавните финансии, туку треба да биде инвестиција во конкурентноста и одржливиот раст. Според податоците на Комисијата за заштита од конкуренција, државната помош во 2023 година изнесувала 206 милиони евра или околу 1,5 процент од БДП, додека во 2024 година достигнала 235,2 милиони евра или 1,52 процент од БДП, што ја нагласува потребата од високо ниво на отчетност и транспарентност.“

Извршната директорка на „Фајненс тинк“, Благица Петрески, посочи дека во моментов недостигаат микро-податоци за тоа кои компании ја добиваат помошта, од кои сектори и за кои цели, што го ограничува квалитетот на креирањето политики.

„Наша препорака е што побрзо да биде изграден тој централен регистар за државна помош затоа што тука има широка палета програми што се нудат и на тој начин не само што ќе се подигне транспарентноста, туку и ќе може подетално да се мерат. Кога се планира да се воведе одредена мерка или програма, задолжително е да се направи импакт евалуација на можните ефекти или кога ќе биде спроведена, да биде измерена за да не се прават грешки како во минатото кога се трошеа многу средства, без конкретни ефекти. Државната помош е една од најпотценетите теми затоа што издвојувањето од Буџетот по оваа основа изнесуваат во некои години дури и 2 процента од БДП, особено во кризни периоди.“

The post Над 200 милиони евра годишно за државна помош – потреба од поголема транспарентност и контрола first appeared on Finance Think.

The post Над 200 милиони евра годишно за државна помош – потреба од поголема транспарентност и контрола appeared first on Finance Think.

]]>
ФТ Став бр. 67 за минималната плата, продуктивноста, инфлацијата и неформалното вработување https://www.financethink.mk/%d1%84%d1%82-%d1%81%d1%82%d0%b0%d0%b2-%d0%b1%d1%80-67-%d0%b7%d0%b0-%d0%bc%d0%b8%d0%bd%d0%b8%d0%bc%d0%b0%d0%bb%d0%bd%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d0%bf%d0%bb%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d0%bf%d1%80%d0%be%d0%b4%d1%83/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=%25d1%2584%25d1%2582-%25d1%2581%25d1%2582%25d0%25b0%25d0%25b2-%25d0%25b1%25d1%2580-67-%25d0%25b7%25d0%25b0-%25d0%25bc%25d0%25b8%25d0%25bd%25d0%25b8%25d0%25bc%25d0%25b0%25d0%25bb%25d0%25bd%25d0%25b0%25d1%2582%25d0%25b0-%25d0%25bf%25d0%25bb%25d0%25b0%25d1%2582%25d0%25b0-%25d0%25bf%25d1%2580%25d0%25be%25d0%25b4%25d1%2583 Wed, 18 Feb 2026 06:56:57 +0000 https://www.financethink.mk/?p=16469 Finance Think го поддржува порастот на минималната плата за да го зачува животниот стандард на примателите. Клучното прашање не е дали минималната плата треба да расте, туку со кое темпо и врз кои економски основи. Непропорционално и значајно зголемување на минималната плата и сите останати плати во економијата без паралелно зголемување на новосоздадената вредност крие […]

The post ФТ Став бр. 67 за минималната плата, продуктивноста, инфлацијата и неформалното вработување first appeared on Finance Think.

The post ФТ Став бр. 67 за минималната плата, продуктивноста, инфлацијата и неформалното вработување appeared first on Finance Think.

]]>
Finance Think го поддржува порастот на минималната плата за да го зачува животниот стандард на примателите.

Клучното прашање не е дали минималната плата треба да расте, туку со кое темпо и врз кои економски основи. Непропорционално и значајно зголемување на минималната плата и сите останати плати во економијата без паралелно зголемување на новосоздадената вредност крие неколку ризици.

Првиот ризик е притисокот врз цените. Инфлацијата во месец јануари се сведе на 3.2% на годишно ниво, што е забавување од декемвриската бројка од 4.1%, но сé уште над нивото на инфлација кое се смета за стабилно, и над нивото во Еврозоната од 1.7%, што е важна референца поради фиксниот курс на денарот во однос на еврото.

Упорната инфлација во Северна Македонија е резултат на повеќе фактори, подредени според нивната важност:

  1. Зголемениот доход во економијата, како последица на високиот реален раст на платите во последните неколку години, во најголема мера резултат на хроничниот недостиг од побарувана работна сила на пазарот на труд; како и последица на големиот пораст на пензискиот доход кој во релативно краток период изнесуваше над 30% од просечната пензија (Графикон 1).

Графикон 1 – Динамика на медијалниот доход во економијата

Извор: Сопствени пресметки врз основа на Анкета за приходи и услови на живеење од Државен завод за статистика.

  • Особено во втората половина од 2025 и во овој момент, упорната инфлација во најголема мера е последица на притисокот што доаѓа од страната на потрошувачката. Платите – основниот вид доход во економијата – скоро долж целиот период растеа повеќе од растот на продуктивноста, така што во 2024 споредено со 2017, просечната плата е повисока за 79.9%, минималната плата за дури 88%, а продуктивноста за само 49.8% (сите показатели се номинален раст, Графикон 2). Ваквата дивергенција меѓу доходите и продуктивноста е макроекономски неодржлива и директно се преточува во ценовен притисок.

Графикон 2 – Продуктивноста на трудот и платите, годишен раст

Извор: ДЗС.

 

  1. Однесувањето на одредени учесници долж синџирот на снабдување, посебно кај потпазарите од храната, што оневозможи олабавувањето на ценовниот притисок од глобалниот пазар на храна брзо и пропорционално да се пренесе во домашната економија. Сепак, вредно е да се напомене дека профитите на компаниите растеа побавно од доходите на населението, што не дава силна поддршка дека поделбата на доходот евентуално во корист на работодавачите е извор на инфлацискиот притисок (Графикон 3). Со други зборови, инфлацијата во моментов не може едноставно и исклучиво да се објасни како „алчност на фирмите“, туку како комбинација на силна побарувачка и структурни пазарни ограничувања.
  • Исклучок од ова претставува кризната 2022 година, кога растот на профитите го надмина растот на доходите на населението, укажувајќи дека фирмите го пренесувале глобалниот притисок врз цените на крајните потрошувачи – евентуално и повеќе од пропорционално – што придонело кон акумулација на профити, и што дава поддршка на т.н. „солидарен данок“, кој беше поништен од Уставниот суд; како и целосна поддршка на спроведувањето на Законот за нефер трговски практики и следењето евентуални антиконкурентски однесувања од Комисијата за заштита на конкуренцијата.

Графикон 3 – Профитите на фирмите и доходот на работниците, годишен раст

Извор: ДЗС.

 

  1. Инфлациските очекувања, во одреден сегмент подигнати и од повеќекратните кратки мерки за замрзнување на цените и маржите кај производите од храна.

Според тоа, потенцијалното значајно и непропорционално зголемување на масата на плати во економијата на краток до среден рок ќе донесе само упорни цени, односно инфлациски притисок кој нема да може лесно да се заузда без особено рестриктивни монетарни и фискални мерки. За социјалниот дијалог особено е важно минималната плата да биде порамнета со создавањето нова вредност во економијата, односно со продуктивноста.

Според моментално расположливите податоци, Северна Македонија има минимална плата (сметано според нејзината куповна моќ) слична или иста со Малта, Словачка, Црна Гора и Бугарија, а повисока продуктивност (повторно, сметано според паритетот на куповна моќ, за да може овие две променливи да се меѓусебно споредливи) само од Црна Гора од овие земји. Од друга страна, Чешка, Латвија и Естонија имаат пониски минимални плати, но повисока продуктивност (Графикон 4).

Графикон 4 – Минималната плата и продуктивноста на Европскиот континент, според паритет на куповната моќ (2025)

Извор: ИЛОСТАТ и Еуростат. Ликсембург и Ирска не се прикажани поради многу висока продуктивност. Земји кои не се прикажани се земји кои немаат законски утврдена минимална плата.

 

Вториот ризик е нарушувањето на фискалната консолидација. По пандемијата, Северна Македонија следи ограничено темпо на фискална консолидација кое подразбира постепено намалување на буџетскиот дефицит и јавниот долг. Сепак, буџетскиот дефицит е сé уште проектиран над 3% од БДП, а вкупниот јавен долг се доближува и во текот на оваа 2026 година ќе ја премине психолошката граница и фискалното правило од 60% од БДП. Притоа, експертската јавност повикува фискалната консолидација да се гледа не само низ призма на буџетскиот дефицит, туку и преку неопходноста од значајно елиминирање недоволно продуктивни трошења на расходната страна од буџетот.

Една голема расходна ставка е ставката за државна помош односно субвенции. Во периодот 2019-2022, Северна Македонија воведе субвенционирани придонеси за раст на плати во распонот од 600 до 6.000 денари по работник месечно. Оваа субвенција беше втора по големина државна помош по земјоделските субвенции (односно, трета, ако се земе државната помош за Ковид-19 во 2020, видете Графикон 5). Преземањето обврски за државно субвенционирање на платите не само што оневозможува смирување на инфлацискиот притисок, туку е и директен атак врз фискалната консолидација и префрлање на трошокот од приватниот сектор кон сите даночни обврзници, и во таа смисла треба да биде целосно исклучено како можност.

Графикон 5 – Државна помош според видови во 2020 година

 

Третиот ризик е нарушувањето на пазарот на труд. Во услови на затегнат, но летаргичен пазар на труд (стапка на активност која не се зголемува), голем пораст на минималната плата нема да доведе до зголемување на невработеноста. Ваков евентуален исход е неверојатен, имајќи ја предвид динамиката на пазарот на трудот и поранешни емпириски докази кои потврдуваат дека врската помеѓу минималната плата и отпуштањата во Северна Македонија е најверојатно многу слаба. Но, тоа се должи на фактот што работодавачите потенцијално преземаат други механизми на прилагодување, првенствено деформализација или полуформализација на работните места.

Тоа би значело отсуство на писмен договор за вработување (целосно неформален работник) или осигурување на работникот на помалку работни часови од неговото фактичко работно време и исплата на остатокот преку т.н. плата во плико (делумно неформален работник). Оваа линија на прилагодување во услови на значаен пораст на минималната плата е многу веројатна, имајќи ја предвид тенденцијата на пораст на уделот на неформалните работници во последните неколку квартали (Граифкон 6). Овој тип на прилагодување е особено штетен затоа што ја поткопува и заштитата на работниците и приходната база на државата.

Графикон 6 – Удел на неформалните работници во вкупната вработеност

Извор: ДЗС.

Како заклучок: растот на минималната плата е оправдан од социјален аспект, но мора да биде усогласен со растот на продуктивноста и реалниот капацитет на економијата. Во спротивно, зголемувањето на платите создава упорен инфлациски притисок, го ограничува просторот за фискална консолидација и го зголемува ризикот од деформализација на работните односи. Затоа, клучниот предизвик не е дали минималната плата треба да расте, туку со кое темпо и врз кои економски основи, за да се зачува и куповната моќ на работниците и макроекономската стабилност.

Finance Think препорачува Владата активно да се вклучи во социјалниот дијалов како трета клучна страна и медијатор помеѓу работниците и работодавачите, со аргументирана и базирана-на-докази поддршка. Признавањето на фактичката состојба од сите учесници во социјалниот дијалог е основен предуслов за зачувување и на животниот стандард на работниците и на макроекономската стабилност.

The post ФТ Став бр. 67 за минималната плата, продуктивноста, инфлацијата и неформалното вработување first appeared on Finance Think.

The post ФТ Став бр. 67 за минималната плата, продуктивноста, инфлацијата и неформалното вработување appeared first on Finance Think.

]]>
Јакнење на управувањето со државната помош во Западниот Балкан https://www.financethink.mk/strengthening-state-aid-governance-in-the-western-balkans/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=strengthening-state-aid-governance-in-the-western-balkans Tue, 17 Feb 2026 16:37:16 +0000 https://www.financethink.mk/strengthening-state-aid-governance-in-the-western-balkans/ Денешната панел-дискусија, „Јакнење на управувањето со државната помош во Западен Балкан: транспарентност, ефикасност и усогласување со ЕУ“, обедини разновидна група носители на политики, претставници на јавни институции од Западен Балкан, меѓународни организации, како и актери од истражувачката и граѓанската сфера. Дискусијата истакна дека државната помош често се перципира како техничко или административно прашање, додека во […]

The post Јакнење на управувањето со државната помош во Западниот Балкан first appeared on Finance Think.

The post Јакнење на управувањето со државната помош во Западниот Балкан appeared first on Finance Think.

]]>
Денешната панел-дискусија, „Јакнење на управувањето со државната помош во Западен Балкан: транспарентност, ефикасност и усогласување со ЕУ“, обедини разновидна група носители на политики, претставници на јавни институции од Западен Балкан, меѓународни организации, како и актери од истражувачката и граѓанската сфера. Дискусијата истакна дека државната помош често се перципира како техничко или административно прашање, додека во практика таа претставува моќен инструмент на економската политика со директни импликации врз јавните финансии, пазарната конкуренција и довербата на јавноста.

Во рамки на дебатата беше нагласено дека, иако државната помош се покажа како значаен антицикличен инструмент — особено во периоди на криза — нејзината улога не може да се оценува исклучиво преку обемот на издвоените средства. Учесниците потенцираа дека клучниот предизвик е да се обезбеди државната помош да биде добро насочена, ефикасна и усогласена со долгорочните развојни цели и правилата на ЕУ. Неодамнешните регионални трендови укажуваат на сè поизразено разидување во пристапите меѓу земјите, што отвора прашања за кохерентноста, ефективноста и ризикот од ад-хок политики.

Една од клучните поенти од панелот беше критичната важност на транспарентноста и отчетноста. Фрагментираните и нестандардизирани податоци и понатаму го ограничуваат значајното следење и евалуација на државната помош во регионот. Во тој контекст, дискусијата ја нагласи вредноста на новоразвиената регионална платформа за државна помош како практична алатка за поддршка на креирање политики базирани на докази, меѓудржавни споредби и информирана јавна дебата — со крајна цел зајакнување на управувањето и поблиско усогласување со ЕУ во Западен Балкан.

The post Јакнење на управувањето со државната помош во Западниот Балкан first appeared on Finance Think.

The post Јакнење на управувањето со државната помош во Западниот Балкан appeared first on Finance Think.

]]>
Благица Петрески во ФинСајт: Јавниот долг и економските изгледи во 2026 https://www.financethink.mk/%d0%b1%d0%bb%d0%b0%d0%b3%d0%b8%d1%86%d0%b0-%d0%bf%d0%b5%d1%82%d1%80%d0%b5%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d0%b2%d0%be-%d1%84%d0%b8%d0%bd%d1%81%d0%b0%d1%98%d1%82-%d1%98%d0%b0%d0%b2%d0%bd%d0%b8%d0%be%d1%82-%d0%b4/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=%25d0%25b1%25d0%25bb%25d0%25b0%25d0%25b3%25d0%25b8%25d1%2586%25d0%25b0-%25d0%25bf%25d0%25b5%25d1%2582%25d1%2580%25d0%25b5%25d1%2581%25d0%25ba%25d0%25b8-%25d0%25b2%25d0%25be-%25d1%2584%25d0%25b8%25d0%25bd%25d1%2581%25d0%25b0%25d1%2598%25d1%2582-%25d1%2598%25d0%25b0%25d0%25b2%25d0%25bd%25d0%25b8%25d0%25be%25d1%2582-%25d0%25b4 Tue, 03 Feb 2026 13:43:31 +0000 https://www.financethink.mk/?p=16417 Македонија повторно се задолжи на меѓународните пазари со издавање на 10-тата еврообврзница, вредна една милијарда евра, со цел сервисирање на доспеаните обврски и стабилизирање на јавните финансии. Но, веќе во наредните месеци се очекува ново задолжување, овојпат преку кредити, за да се обезбедат средства за редовно плаќање на обврските. Што значи ова за економијата, дали […]

The post Благица Петрески во ФинСајт: Јавниот долг и економските изгледи во 2026 first appeared on Finance Think.

The post Благица Петрески во ФинСајт: Јавниот долг и економските изгледи во 2026 appeared first on Finance Think.

]]>
Македонија повторно се задолжи на меѓународните пазари со издавање на 10-тата еврообврзница, вредна една милијарда евра, со цел сервисирање на доспеаните обврски и стабилизирање на јавните финансии. Но, веќе во наредните месеци се очекува ново задолжување, овојпат преку кредити, за да се обезбедат средства за редовно плаќање на обврските.

Што значи ова за економијата, дали годинава може да се очекува раст или стагнација, како ќе се движи инфлацијата и што може да очекува бизнис-секторот?

Во новата епизода на FinSight, разговараме со Благица Петрески, извршна директорка на Finance Think – Институт за економски истражувања и политики. Анализираме каде завршуваат буџетските пари, колкав е товарот на јавниот долг, колку е реален проектираниот раст од 3,5 отсто и дали зголемувањето на платите може дополнително да ја подгрее инфлацијата.

Во фокусот се и продуктивноста на работниците, сивата економија, ефектите од проектот „Мој ДДВ“, како и клучните реформи што ѝ се потребни на економијата за одржлив раст и подобар животен стандард.

The post Благица Петрески во ФинСајт: Јавниот долг и економските изгледи во 2026 first appeared on Finance Think.

The post Благица Петрески во ФинСајт: Јавниот долг и економските изгледи во 2026 appeared first on Finance Think.

]]>
#Фискалната отчетност во фокусот на нашата сторија на Civica Mobilitas https://www.financethink.mk/%d1%84%d0%b8%d1%81%d0%ba%d0%b0%d0%bb%d0%bd%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d0%be%d1%82%d1%87%d0%b5%d1%82%d0%bd%d0%be%d1%81%d1%82-%d0%b2%d0%be-%d1%84%d0%be%d0%ba%d1%83%d1%81%d0%be%d1%82-%d0%bd%d0%b0-%d0%bd%d0%b0/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=%25d1%2584%25d0%25b8%25d1%2581%25d0%25ba%25d0%25b0%25d0%25bb%25d0%25bd%25d0%25b0%25d1%2582%25d0%25b0-%25d0%25be%25d1%2582%25d1%2587%25d0%25b5%25d1%2582%25d0%25bd%25d0%25be%25d1%2581%25d1%2582-%25d0%25b2%25d0%25be-%25d1%2584%25d0%25be%25d0%25ba%25d1%2583%25d1%2581%25d0%25be%25d1%2582-%25d0%25bd%25d0%25b0-%25d0%25bd%25d0%25b0 Thu, 01 Jan 2026 19:05:02 +0000 https://www.financethink.mk/%d1%84%d0%b8%d1%81%d0%ba%d0%b0%d0%bb%d0%bd%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d0%be%d1%82%d1%87%d0%b5%d1%82%d0%bd%d0%be%d1%81%d1%82-%d0%b2%d0%be-%d1%84%d0%be%d0%ba%d1%83%d1%81%d0%be%d1%82-%d0%bd%d0%b0-%d0%bd%d0%b0/ #Фискалната отчетност во фокусот на нашата сторија во изданијата на Civica Mobilitas и Македонски центар за меѓународна соработка – МЦМС пред крајот на 2025.

The post #Фискалната отчетност во фокусот на нашата сторија на Civica Mobilitas first appeared on Finance Think.

The post #Фискалната отчетност во фокусот на нашата сторија на Civica Mobilitas appeared first on Finance Think.

]]>
#Фискалната отчетност во фокусот на нашата сторија во изданијата на Civica Mobilitas и Македонски центар за меѓународна соработка – МЦМС пред крајот на 2025.

The post #Фискалната отчетност во фокусот на нашата сторија на Civica Mobilitas first appeared on Finance Think.

The post #Фискалната отчетност во фокусот на нашата сторија на Civica Mobilitas appeared first on Finance Think.

]]>
Нова Студија за политиките 57! https://www.financethink.mk/%d0%bd%d0%be%d0%b2%d0%b0-%d1%81%d1%82%d1%83%d0%b4%d0%b8%d1%98%d0%b0-%d0%b7%d0%b0-%d0%bf%d0%be%d0%bb%d0%b8%d1%82%d0%b8%d0%ba%d0%b8%d1%82%d0%b5-57/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=%25d0%25bd%25d0%25be%25d0%25b2%25d0%25b0-%25d1%2581%25d1%2582%25d1%2583%25d0%25b4%25d0%25b8%25d1%2598%25d0%25b0-%25d0%25b7%25d0%25b0-%25d0%25bf%25d0%25be%25d0%25bb%25d0%25b8%25d1%2582%25d0%25b8%25d0%25ba%25d0%25b8%25d1%2582%25d0%25b5-57 Thu, 01 Jan 2026 19:01:46 +0000 https://www.financethink.mk/?p=16321 Нова Студија за политиките Анализираме како јавните финансии се претвораат (или не) во подобри исходи во образованието и здравството во шест земји од Западен Балкан, користејќи панел податоци за периодот 2006–2020 и CMP методологија. Клучни наоди: • Не е доволно колку трошиме — важно е како трошиме: подоброто извршување на буџетот е клучниот канал преку […]

The post Нова Студија за политиките 57! first appeared on Finance Think.

The post Нова Студија за политиките 57! appeared first on Finance Think.

]]>
📘 Нова Студија за политиките
Анализираме како јавните финансии се претвораат (или не) во подобри исходи во образованието и здравството во шест земји од Западен Балкан, користејќи панел податоци за периодот 2006–2020 и CMP методологија.
🔍 Клучни наоди:
🧾 Не е доволно колку трошиме — важно е како трошиме: подоброто извршување на буџетот е клучниот канал преку кој ПФМ влијае врз резултатите
🎓 Во образованието, ПФМ не делува директно, туку преку подобрување на техничката ефикасност → повисока опфатеност со предучилишно образование и подобри ученик-наставник соодноси
🏥 Во здравството, подобро буџетско извршување е поврзано со повеќе лекари, повисока DPT имунизација и повисок животен век
📉 Слабата транспарентност и недоволното среднорочно планирање ја ограничуваат ефикасноста на јавната потрошувачка
⚙ ПФМ е „тивкиот двигател“ на социјалните исходи – без него, ниту зголемените расходи не даваат резултат
📌 Порака за политиките:
Подобрувањето на здравствените и образовните исходи не почнува во училницата или болницата, туку во буџетскиот процес: среднорочно планирање, транспарентност и дисциплинирано извршување.

The post Нова Студија за политиките 57! first appeared on Finance Think.

The post Нова Студија за политиките 57! appeared first on Finance Think.

]]>
Регионално градење капацитети за транспарентност и усогласување со ЕУ во практиките за државна помош во Западен Балкан https://www.financethink.mk/regional-capacity-building-for-transparency-and-eu-alignment-in-state-aid-practices-in-the-western-balkans/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=regional-capacity-building-for-transparency-and-eu-alignment-in-state-aid-practices-in-the-western-balkans Wed, 31 Dec 2025 18:48:37 +0000 https://www.financethink.mk/regional-capacity-building-for-transparency-and-eu-alignment-in-state-aid-practices-in-the-western-balkans/ Општа цел: Да се зајакнат регионалната соработка, транспарентноста и усогласувањето со ЕУ на практиките за државна помош во Западен Балкан преку целно градење капацитети, ангажман на засегнатите страни и дијалог заснован на докази. Специфични цели: Зајакнување на институционалното знаење и регионалната соработка преку реализација на серија работилници и вебинари што ќе ги обединат органите за […]

The post Регионално градење капацитети за транспарентност и усогласување со ЕУ во практиките за државна помош во Западен Балкан first appeared on Finance Think.

The post Регионално градење капацитети за транспарентност и усогласување со ЕУ во практиките за државна помош во Западен Балкан appeared first on Finance Think.

]]>
Општа цел: Да се зајакнат регионалната соработка, транспарентноста и усогласувањето со ЕУ на практиките за државна помош во Западен Балкан преку целно градење капацитети, ангажман на засегнатите страни и дијалог заснован на докази.

Специфични цели:

  1. Зајакнување на институционалното знаење и регионалната соработка преку реализација на серија работилници и вебинари што ќе ги обединат органите за државна помош, комисиите за заштита на конкуренцијата и експертските институции од сите шест економии на Западен Балкан.

  2. Градење заедничко разбирање и консензус околу клучните приоритети за реформа на државната помош преку заеднички дискусии, избор на критични тематски области и колаборативен развој на методологија за кратки регионални позициони документи и патоказ за унапредување на транспарентноста и усогласувањето со acquis на ЕУ.

  3. Зголемување на јавната и институционалната свесност за транспарентно управување со државната помош преку активности за видливост, таргетирани комуникациски материјали и промоција на резултатите од регионалната соработка преку медиумите и мрежите на засегнатите страни.

  4. Зајакнување на улогата на мрежата WEBECON во регионалниот мониторинг и дијалог за државната помош преку активно вклучување на членовите на WEBECON во валидација на податоци, олеснување на ангажманот на засегнатите страни и заедничка рефлексија за практиките на државна помош, со што се унапредува нивниот аналитички и координативен капацитет.

Донатор: Western Balkans Fund

The post Регионално градење капацитети за транспарентност и усогласување со ЕУ во практиките за државна помош во Западен Балкан first appeared on Finance Think.

The post Регионално градење капацитети за транспарентност и усогласување со ЕУ во практиките за државна помош во Западен Балкан appeared first on Finance Think.

]]>
Анализа на изводливоста на модели на комбинирано финансирање https://www.financethink.mk/feasibility-study-of-blended-financing-models/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=feasibility-study-of-blended-financing-models Tue, 30 Dec 2025 19:01:27 +0000 https://www.financethink.mk/feasibility-study-of-blended-financing-models/ Проектот има за цел да развие практични и одржливи модели на комбинирано финансирање за обезбедување долгорочно функционирање на СРЗП содржините интегрирани во платформата EduIno. Целта на ангажманот е да се дизајнираат два до три конкретни модели на финансирање и истите да се валидаираат преку консултации со релевантни јавни, приватни и развојни засегнати страни. Фокусот ќе […]

The post Анализа на изводливоста на модели на комбинирано финансирање first appeared on Finance Think.

The post Анализа на изводливоста на модели на комбинирано финансирање appeared first on Finance Think.

]]>
Проектот има за цел да развие практични и одржливи модели на комбинирано финансирање за обезбедување долгорочно функционирање на СРЗП содржините интегрирани во платформата EduIno. Целта на ангажманот е да се дизајнираат два до три конкретни модели на финансирање и истите да се валидаираат преку консултации со релевантни јавни, приватни и развојни засегнати страни. Фокусот ќе биде ставен на комбинирање на повеќе извори на финансирање за покривање на тековното одржување, ажурирање на дигиталните СРЗП материјали и идни унапредувања на платформата, при истовремено обезбедување силно институционално сопствеништво и усогласеност со националните политики и стратешки рамки.

Клиент: Фонд на Обединетите нации за население (UN Population Fund – UNFPA)

The post Анализа на изводливоста на модели на комбинирано финансирање first appeared on Finance Think.

The post Анализа на изводливоста на модели на комбинирано финансирање appeared first on Finance Think.

]]>
Мапирање на потребите на пазарот на труд на водечките компании во Северна Македонија https://www.financethink.mk/mapping-of-the-labour-market-needs-of-north-macedonias-leading-companies/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=mapping-of-the-labour-market-needs-of-north-macedonias-leading-companies Mon, 29 Dec 2025 18:55:07 +0000 https://www.financethink.mk/mapping-of-the-labour-market-needs-of-north-macedonias-leading-companies/ Основната цел е систематски да се мапираат тековните и настанувачките потреби од вештини, да се идентификува најакутниот недостиг од работна сила, да се анализираат структурните несовпаѓања меѓу побарувачката на работодавачите и понудата од образованието и обуките, и да се разгледаат потенцијалите за привлекување или институционализирана соработка со дијаспората. Клиент: Westminster Foundation for Democracy (WFD)

The post Мапирање на потребите на пазарот на труд на водечките компании во Северна Македонија first appeared on Finance Think.

The post Мапирање на потребите на пазарот на труд на водечките компании во Северна Македонија appeared first on Finance Think.

]]>
Основната цел е систематски да се мапираат тековните и настанувачките потреби од вештини, да се идентификува најакутниот недостиг од работна сила, да се анализираат структурните несовпаѓања меѓу побарувачката на работодавачите и понудата од образованието и обуките, и да се разгледаат потенцијалите за привлекување или институционализирана соработка со дијаспората.

Клиент: Westminster Foundation for Democracy (WFD)

The post Мапирање на потребите на пазарот на труд на водечките компании во Северна Македонија first appeared on Finance Think.

The post Мапирање на потребите на пазарот на труд на водечките компании во Северна Македонија appeared first on Finance Think.

]]>
Дебата во топ тема за нашето следење на Реформската агенда https://www.financethink.mk/%d0%b4%d0%b5%d0%b1%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d0%b2%d0%be-%d1%82%d0%be%d0%bf-%d1%82%d0%b5%d0%bc%d0%b0-%d0%b7%d0%b0-%d0%bd%d0%b0%d1%88%d0%b5%d1%82%d0%be-%d1%81%d0%bb%d0%b5%d0%b4%d0%b5%d1%9a%d0%b5-%d0%bd%d0%b0/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=%25d0%25b4%25d0%25b5%25d0%25b1%25d0%25b0%25d1%2582%25d0%25b0-%25d0%25b2%25d0%25be-%25d1%2582%25d0%25be%25d0%25bf-%25d1%2582%25d0%25b5%25d0%25bc%25d0%25b0-%25d0%25b7%25d0%25b0-%25d0%25bd%25d0%25b0%25d1%2588%25d0%25b5%25d1%2582%25d0%25be-%25d1%2581%25d0%25bb%25d0%25b5%25d0%25b4%25d0%25b5%25d1%259a%25d0%25b5-%25d0%25bd%25d0%25b0 Tue, 23 Dec 2025 18:17:07 +0000 https://www.financethink.mk/%d0%b4%d0%b5%d0%b1%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d0%b2%d0%be-%d1%82%d0%be%d0%bf-%d1%82%d0%b5%d0%bc%d0%b0-%d0%b7%d0%b0-%d0%bd%d0%b0%d1%88%d0%b5%d1%82%d0%be-%d1%81%d0%bb%d0%b5%d0%b4%d0%b5%d1%9a%d0%b5-%d0%bd%d0%b0/ LINK

The post Дебата во топ тема за нашето следење на Реформската агенда first appeared on Finance Think.

The post Дебата во топ тема за нашето следење на Реформската агенда appeared first on Finance Think.

]]>
LINK

The post Дебата во топ тема за нашето следење на Реформската агенда first appeared on Finance Think.

The post Дебата во топ тема за нашето следење на Реформската агенда appeared first on Finance Think.

]]>