Индекс за финансиска стабилност

Finance Think за прв пат го изработи и публикува Индексот за финансиска стабилност на банкарскиот систем на Македонија за период 2006:К1 до 2014:К3. Целта на индексот е да ја мери тековната стабилност и да прави споредба на стабилноста во однос на претходните периоди. Индексот ги вклучува главните ризици: адекватност на капиталот, квалитет на актива, профитабилност, каматен и ликвидносен ризик на банките. Движењето на индексот во нагорна линија укажува дека стабилноста на банкарскиот систем се зголемува, и обратно.

Извор: Пресметки на Finance Think, врз основа на податоци прибрани од НБРМ.

До 2008 година индексот покажува висока стабилност на банкарскиот сектор, водена од стабилноста на сите подиндекси: ниско ниво на нефункционални кредити и висок квалитет на активата, висока профитабилност, ликвидност и адекватност на капиталот и мал каматен ризик. Како резултат на негативните последици од глобалната финансиска и економска криза, стабилноста на банкарскиот систем се намалуваше се до третиот квартал во 2010 година, после што следи тренд на зголемување.

Пресметаната серија е достапна овде (податоци собрани/пресметани од FT).

Facebook

Get the Facebook Likebox Slider Pro for WordPress