Водечки композитен индекс

Композитниот индекс за идната економска активност ја прогнозира неа врз основа на комбинирање индикатори за коишто се смета дека и` претходат на економската активност со време на прогнозирање од околу шест месеци нанапред. Некои индикатори коишто ги комбинира овој индекс се: број на невработни што се регистрираат за паричен надомест, издадени одобренија за градба, индекс на нови нарачки во преработувачката индустрија, кредити пласирани на претпријатија, увоз на машини и опрема и слично.

Извор: Пресметка на Finance Think, врз основа на податоци од Државниот Завод за Статистика, Народна банка на РМ, Министерство за финансии, Агенција за вработување, Македонска берза АД

Дифузниот индекс на идната економска активност е показател за уделот на компонентите на композитниот индекс за идната економска активност, коишто во месецот оствариле пораст.

Извор: Пресметка на Finance Think, врз основа на Водечкиот композитен индекс

Пресметаната серија е достапна по барање.

Студијата за политиките „Водечки индекс пресметан од Finance Think: Повторна оценка на прогнозирачката моќ“ е достапна овде.