MK-LABOUR – МОДЕЛ ЗА ПОНУДА НА РАБОТНА СИЛА

Finance Think го одржува и го прилагодува MK-Labour – Моделот за понуда на работна сила во Македонија. MK-Labour е структурен модел за понуда на работна сила со прекинат избор (van Soest, 1995). MK-Labour има два под-модели: еден ги проценува преференциите за немажени/неженети индивидуи, а другиот за парови. Пресметката на моделот е базирана на STATA и се потпира на проценка на веројатноста од условна логит функција. Заедно со МК-МОD, MK-Labour претставува ихевиористички модел за даноци и надоместоци.

MK-Labor се базира на претпоставката дека едно домаќинство може да избере меѓу ограничен број на работни часови. Секој час одговара на одредено ниво на расположлив доход и секој прекинат сет од работно време и доход обезбедува различно ниво на корисност, а таа зависи и од повеќе карактеристики на домаќинството. Претпоставката е дека секој партнер во парот може да работи 0, 20 или 40 часа, што одговара на не-учество, скратено работно време и полно работно време, што доведува до девет алтернативи за парот и обезбедува тројка од расположлив доход и работно време на женскиот и машкиот партнер. Вкупниот доход е збир од нето-платите и доходите што не доаѓаат од труд, пензиите и социјалните надоместоци, при што само доходот од труд и социјалната помош зависат од изборот на работно време и соодветните стапки на плати.

За неактивните и невработените работници, надницата не е позната (не е видлива). MK-Labour се потпира на предвидувањата од моделот за селекција од Хекман (1979) применет на стандардна Минсерова функција на заработувачка.

Откако ќе се пресмета расположливиот доход за сите избори и за сите индивидуи, вработени и невработени, MK-Labour го применува ML-методот на условна логит функција во следниот чекор, со цел да ги пресмета параметрите на преференциите во функцијата на корисност. Конечно, моделот ги проценува ефектите од понудата на работна сила преку споредување на предвидената веројатност за секој избор во услови пред реформата и по реформата, доколку се симулираат ефектите од конкретна реформа. Предвидените веројатности за пост-реформското сценарио се засноваат на оптималното однесување условено од пред-реформското буџетско ограничување, т.е. истите проценки на коефициентите од условниот логит пред реформата и новиот доход, од пост-реформското сценарио.


Референца:

Van Soest, A. (1995) Structural models of family labor supply: A discrete choice approach. Journal of Human Resources, 30, 63-88.

Моделот е достапен за заинтересирани страни, само во просториите на Finance Think и под одредени договорни односи. Во случај да сакате да го користите, испратете барање на info@financethink.mk.