Политиката за заштита на лични податоци во Finance Think се однесува на користењето и обработката на податоците кои со претходна согласност на друга страна стануваат достапни во сетот лични податоци во Finance Think, како и оние лични податоци кои се веќе достапни на социјалните мрежи.

Со политиката за заштита на личните податоци во Finance Think се осигурува приватноста и сигурноста на личните податоци кои се исклучиво наменети за користење и обработка за наведените цели. Finance Think е посветен на обработка на податоците во согласност со одредбите од Општата регулатива за заштита на податоците, националниот Закон за заштита на личните податоци („Службен весник на РСМ“ бр.42/20) и добрите практики.

 

Принципи за заштита на податоците

Согласно оваа Политика за заштита на личните податоци, личните податоци ќе бидат:

  1. обработени законски, правично и на транспарентен начин во однос на поединци;
  2. собрани за одредени, експлицитни и легитимни цели и не се обработуваат понатаму на начин што е некомпатибилен со тие цели; понатамошната обработка за архивски цели во јавен интерес, научни или историски истражувачки цели или статистички цели нема да се смета дека е некомпатибилна со првичните цели;
  3. адекватни, релевантни и ограничени на она што е неопходно во однос на целите за кои се обработуваат;
  4. точни и, каде што е потребно, ажурирани; мора да се преземе секој разумен чекор за да се осигура дека личните податоци кои се неточни, имајќи ги предвид целите за кои се обработуваат, се бришат или поправаат без одлагање;
  5. се чуваат во форма што дозволува идентификација на субјектите на податоците не подолго отколку што е потребно за целите за кои се обработуваат личните податоци; личните податоци може да се чуваат подолги периоди доколку се обработуваат исклучиво за архивирање во јавен интерес, научни или историски истражувачки цели или статистички цели кои подлежат на имплементација на соодветни технички и организациски мерки со цел да се заштитат правата и слободите на поединците; и
  6. обработени на начин што обезбедува соодветна безбедност на личните податоци, вклучително и заштита од неовластена или незаконска обработка и од случајно губење, уништување или оштетување, користејќи соодветни технички или организациски мерки.

 

Прибирање на податоците

Контролор/обработувач на личните податоци е Finance Think.

Личните податоци се прибираат за конкретни, јасни и законски утврдени цели и се обработуваат на начин што е во согласност со тие цели. Податоците кои се собираат се лични податоци:

  • на вработени лица;
  • на соработници, практиканти, волонтери и слично;
  • на посетители на нашата интернет страницата financethink.mk;
  • на следачи на нашите социјални профили.

Личните податоци се собираат преку различни канали, вклучувајќи преку:

  • користење на интернет страницата;
  • e-mail;
  • пошта;
  • телефон и
  • усмено.

Прибраните податоци се обработуваат за конкретни, јасни и легитимни цели, во обем потребен за остварување на целите на обработката. Се обработуваат следните податоци:

  • Податоци за лична идентификација (име и презиме, адреса на живеење, ЕМБГ; трансакциска сметка, е-пошта, телефонски број, датум на раѓање итн.)
  • Лични податоци на соработници (име и презиме, адреса на живеење, е-пошта,  телефонски број);
  • Лични податоци на посетители на електронските медиуми (е-пошта, телефонски број или друга информација споделена електронски).

Личните податоци може да бидат обработени ако:

  • е дадена согласност за обработката, која може да се повлечете во кое било време; или кога обработката е неопходна за извршување договор во кој давателот на информациите е договорна страна или за да се преземат активности на барање на другата страна пред нејзиното пристапување кон договорот; или
  • обработката е неопходна за целите на легитимен интерес, без да се наруши право на другата страна на приватност и доверливост, а за постоењето на ваков легитимен интерес другата страна е соодветно известена;
  • обработката е потребна за исполнување на законска обврска, за што другата страна е соодветно известена.

 

Пренесување на корисници на лични податоци

Finance Think не ги споделува прибраните податоци со трети лица, освен во следните случаи:

  • по барање на орган на државна влст, државен орган или правно лице основано од државата за вршење јавни овластувања, агенција или друго тело на кое му се откриваат личните податоци без разлика дали е тоа трето лице или не.
  • на други корисници врз основа на нивно барање (адвокати, нотари…), согласно закон.

Пристап до прибраните лични податоци во Finance Think можат да добијат само оние лица на кои им се потребни тие информации за исполнување на договорните и законските обврски и само до оној степен што е неопходен за исполнување на целта на обработката.

 

Чување лични податоци

Прибраните податоци се чуваат во согласност со закон и периодот потребен за постигнување на целта на обработката, со рокови на чување на личните податоци потребни за исполнување на целта на обработката.

Пресметка на роковите на чување и задржување на личните податоци, се заснова на следниве критериуми:

  • времетраење на меѓусебниот договор;
  • времето потребно за обработка на барање од каков било тип;
  • законски или договорни обврски.

Потребно е некои од личните податоци да се чуваат во архива за да може да се одговори на какви било правни постапки и за време пропишано со важечките закони. Во случај на меѓусебен договор, личните податоци се чуваат најдолго 10 години по последната активност.

 

Права на сопствениците на лични податоци

Права на сопствениците во однос на обработката на личните податоци се следните:

  • право на информирање за обработката на личните податоци (право да се биде информиран дали се обработуваат туѓи податоци и за какви цели, корисниците на кои се пренесуваат итн.);
  • право на пристап до личните податоци (право да се бара информација за какви цели се обработуваат туѓите лични податоци, категориите на лични податоци кои се обработуваат, предвидениот рок итн.);
  • право на исправка и бришење на личните податоци (при најдени грешки во туѓите лични податоци, или нивна нецелосност или неточност, право да се побара исправка или дополнување);
  • право на ограничување на обработката на личните податоци (под услови утврдени со закон, право да се побара ограничување на обработката на личните податоци);
  • право на приговор (право на поднесување приговор на обработката на личните податоци во секое време согласно важечкиот закон, како и приговор на обработката на личните податоци, како и приговор на обработката на личните податоци за цели на директен маркетинг);
  • право на повлекување на согласноста за обработка на личните податоци во секое време (доколку е дадена согласност за обработка на личните податоци).

 

Техничка заштита

Finance Think ги презема сите потребни технички и организациски мерки за заштита на личните податоци од неовластен пристап како и од нивна злоупотреба, користејќи редовни контроли и најнови технолошки механизми и достигнувања во оваа област.

Прибраните лични податоци може да бидат обработени од трето лице – Обработувач, само под услови предвидени со закон и само ако тој се согласи да ги примени истите технички и организациски безбедносни мерки.

 

Остварување контакти сврзани со користењето лични податоци

Сите прашања сврзани со спроведување на оваа Политика, може да се достават до Службеникот задолжен за прашањата на заштита на личните податоци Сандра Соколенко-Тодоровска на sanda.sokolenko@financethink.mk.

Субјектите на личните податоците можат да ги користат правата според оваа Политика со поднесување барање за остварување на соодветното право. Барањето може да се поднесе на следниот начин:

  • електронски на info@financethink.mk
  • по пошта на адресата ул. Фредерик Шопен ½, Скопје

Барањето за остварување на правата во врска со заштитата на личните податоци треба да ги содржи следниве податоци:

  • име и презиме на субјектот на лични податоци;
  • контакти за повратни информации – адреса, телефон, емаил;
  • барање со опис.

Политиката за приватност подлежи на редовно преиспитување и по потреба ќе се менува и дополнува соодветно на настанатите промени и нашите активности.