Награди

НБРМ Годишна награда за најдобар труд од макроекономија

Благица Петрески е добитник на Годишната награда за млад истражувач во областа на макроекономијата од страна на Народната банка на Република Македонија во април 2010 година. Наградениот истражувачки труд е “Анализа на ефектите од развиеноста на банкарскиот систем врз економскиот раст: случајот на Македонија”.

 

 

Деспина Туманоска е добитник на Годишната награда за млад истражувач во областа на макроекономијата од страна на Народната банка на Република Македонија во април 2012 година. Наградениот истражувачки труд е “Емпириска анализа на загатката на Фелдштајн и Хориока во економиите во транзиција, со осврт на Македонија”.

 

 

 

 

ACO награда за најдобар труд од сферата на осигурувањето и ризиците

Благица Петрески е наградена со годишната награда на Агенцијата за супервизија на осигурувањето од Македонија за најдобар труд од сферата на ризиците и осигурувањето, за нејзиниот истражувачки труд „Емпириска анализа на ризиците и отпорноста на шокови на Македонскиот осигурителен систем“

Трудот е производ од проектот што порано го поддржа Женевската асоцијација за изучување на економиката на осигурувањето. Детали за истражувањето може да се најдат тука.

 

 

Јапонска награда за исклучително истражување за развој

Благица Петрески, во рамки на тим предводен од д-р Марјан Петрески и член д-р Никица Мојсоска Блажевски, двајцата од Универзитетот Американ Колеџ Скопје, ја освои Јапонската награда за исклучително истражување за развој – Втора награда во светот, од Глобалната Мрежа за Развој и Владата на Јапонија. Наградениот предлог проект е: „EдПлаКо-MK: Алатка за поголема родова еднаквост во платите во Македонија“.

 

 

 

ОН-МНР Награда за општествена иновација

Finance Think беше прогласен за општествен иноватор во областа на родовата еднаквост. Институтот ја освои Првата награда на конкурсот на Обединетите нации и Министерството за надворешни работи на Македонија, по повод одбележувањето на 68 години од основањето на Светската организација и 20 години од пристапувањето на Република Македонија во ОН.

Поконкретно, беше наградена идејата за воспоставување на интернет платформа која ќе им помогне на компаниите и поединците во тестирањето на нивните плат со цел да се елиминира родовата дискриминација во плаќањата. Ова иновативно решение треба да доведе до елиминирање на родовите нееднаквости во платите на ниво на земјата на среден рок.

Facebook

Get the Facebook Likebox Slider Pro for WordPress