ЕКОНОМСКИ ТИМ
Тимот на Finance Think е составен од истакнати и признаени економски истажувачи, со економско образование и професионално искуство, како и подготвеност да понудат квалитетни истражувања, критика и препораки до носителите на економските политики.

Благица е основач, Главен економист (Извршен директор) на Finance Think. Нејзините истражувачки интереси вклучуваат палета од развојни теми како сиромаштија, невработеност, родова нееднаквост, како и продуктивност и конкурентност на фирми. Таа е посветен застапувач за подобри економски политики и е активно вклучена во обликување на јавната дебата за економски прашања во земјата и регионот. Благица е доцент при Универзитетот Американ Колеџ Скопје, кадешто предава Јавни економски политики. Таа има докторат на економски науки од Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, за чии цели истражувала и на ЦЕРГЕ-ЕИ во Прага и на Словачката Академија на Науките. Таа е и алумни на Инцијативата за млади трансатлантски иновациски лидери. Благица ја доби Наградата за млад истражувач на годината доделена од Народната банка на Северна Македонија, како и Наградата за најдобар труд во областа на ризици и осигурување од Агенцијата за супервизија на осигурувањето. Благица има богат публикувачки запис, што вклучува 8 труда во реномирани рецензирани списанија листирани на Web of Science.
Деспина е основач, член на Извршниот Одбор и Програмски координатор во Finance Think. Нејзните истражувачки интереси вклучуваат прашања како макроекономски политики, невработеност, секторски економски политики, применета економетрија и слично. Деспина е активно вклучена во јавната дебата за актуелни економски теми. Таа е доктор на економски науки и магистер по финансии од Универзитетот Американ Колеџ Скопје и дипломец по финансиски менаџмент од Универзитетот Св. Кирил и Методиј Скопје. Во 2012 година, таа ја доби Годишната награда за млад истражувач доделена од страна на Народната банка на Република Македонија. Деспина е активен научен публикувач, што вклучува и 5 труда објавени во списанија индексирани на Web of Science.
Бојан докторираше во областа на финансиите од Универзитетот Карло Катанео (LIUC), Италија. Неговиот фокус на истражување се теми поврзани со финансиските институции и пазари и однесувањето на корисниците на финансиски услуги. Бојан ја доби Наградата за најдобар труд од областа на ризици и осигурување од Агенцијата за супервизија на осигурувањето (2020) и награда за млад истражувач на годината доделена од Асоцијацијата за ризици и осигурување на Азиско-пацифичкиот регион (APRIA 2019). Бојан работеше како асистент на Универзитетот Св. Климент Охридски. Тој беше стипендист на Турската влада на Универзитетот Докуз Ејлул, Турција, визитинг истражувач на Флорида Стејт Универзитетот, Америка и добитник на награда за студиски престој во Розета Институтот-Сиднеј, Австралија. Има познавања за анализи при користење на различни економетриски пакети (R, SAS, STATA, EVIEWS, PYTHON) и анализи на комплексни мрежи (PAJEK).

Наташа е економски и социјален аналитичар. Додипломските студии ги заврши на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Сфера на нејзин особен интерес се: системот на социјална заштита, социјалната работа во заедница, социјалната разновидност и прашањата поврзани со еднаквите можности. На тимот на Finance Think се приклучи во септември 2016 година. Таа работи на прашања поврзани со ранливите категории на население, вклучително и актуелните социјални политики во Северна Македонија. Во моментов активно е вклучена во реформите на системот на социјална заштита, во процесот на воведување интегрирано водење случаи во центрите за социјална работа и менторскиот процес за вработените во центрите за социјална работа.

Следната е листа од постојани соработници на Finance Think

Марјан е ко-основач и стратегиски советник на Finance Think. Тој е редовен професор по економија на Универзитетот Американ колеџ Скопје. Тој има докторат од Универзитетот Стафордшир, Велика Британија. Неговиот фокус на истражување се теми од монетарна политика, економски развој и пазар на труд, сите со силен фокус врз економиите во транзиција. Публикуваше нашироко во меѓународни списанија со рецензија (33 труда во списанија индексирани на Web of Science). За своето истражување, тој доби бројни домашни и меѓународни награди. Марјан беше Стипендист за кариерна интеграција на ЦЕРГЕ-ЕИ во Прага (2012-2015), Вејзер стипендист на Универзитетот во Мичиген, САД (2019), додека во моментот има улога на ПЕП Соработник за истражување. Тој опширно работи на развојната агенда ширум светот во широка географска покриеност на економиите во транзиција, особено – покрај Северна Македонија: Косово, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Грузија, Ерменија, Казахстан, Туркменистан, Бенин и Мали. Тој е длабоко ангажиран во дијалогот за политиките и јавната дебата во земјата и регионот на Западен Балкан.
Ана е професор на Универзитетот Американ Kолеџ Скопје. Докторирала на Факултетот за образование, Универзитетот Квинс во Белфаст. Нејзините професионални ангажмани вклучуваат голем број истражувачки проекти во Северна Ирска и Република Северна Македонија. Нејзината работа е концентрирана на образовните реформи, истражување на градење идентитет, како и на претприемачки намери, организациска култура, управување со човечки ресурси и однесување на потрошувачите. Таа присуствувала на голем број национални и меѓународни конференции и објавувала во реномирани академски списанија. Таа е постојан соработник на Finance Think за образовни прашања и политики.