⚠️ Колку нè чинеше #кризата со цените на храната и енергијата?
⚠️ Колку кризите го #ограничија фискалниот простор?
Нашата најнова 📖 Студија за политиките 5️⃣1️⃣ донесува преглед и анализа на фискалниот простор во земјите од Западниот Балкан низ последните кризи: пандемијата од Ковид-19 и кризата со цените на храната и енергијата.
📌 Умереното задолжување и делумно стабилните буџетски дефицити пред пандемијата овозможија владите од Западен Балкан да обезбедат голема буџетска #поддршка за справување со пандемиската криза во 2020 и 2021.
📌 Иако знаци на заздравување беа видливи во 2021, фискалниот простор дополнително се #влоши како резултат на гео-политичкиот конфликт помеѓу Русија и Украина.
📌 Резултатите покажуваат дека можноста за имплементација на фискални #пакети е значително одредена од создадениот фискален простор во некризни периоди.
📌 Неопходно е буџетските #резерви да се градат за време на некризни периоди, со цел да се обезбеди простор за интервенција кога е најпотребно.
📌 Во 2022, #субвенциите за електрична енергија за домаќинствата во Северна Македонија достигнаа 3.2% од БДП или 9.2% од јавните расходи.
📌 Наодите укажуваат на намалување на расходите за #здравство и #социјална заштита за сметка на зголемената буџетска поддршка за субвенции за електрична енергија.
📌 Наодите упатуваат на потреба од: 1️⃣. #намалување на субвенциите за електрична енергија до крајот на 2024, придружено со директни трансфери за најранливите домаќинства, што ќе овозможи фискален простор за повеќе и поквалитетни други јавни услуги, како и 2️⃣. #зголемени инвестиции во енергетскиот сектор, придружено со подобрена енергетска ефикасност на страна на потрошувачите.
Линк до целата студија: rb.gy/649l2e
Студијата е создадена со поддршка на SMART Balkans.

Recommended Posts