
Дискусијата за одржливоста на пензискиот систем и за потенцијална пензиска реформа и понатаму е во наш фокус.
На панел-дискусија во организација на Асоцијацијата на друштва за управување со пензиски фондови, Благица Петрески, извршната директорка на Finance Think, ги сподели резултатите и препораките од нашата неодамнешна анализа.
Нема една мерка што сама ќе го реши проблемот. Нашата препорака е комбинација на мерки и споделен товар помеѓу генерациите: индексација со фискален механизам, умерено повисок придонес, поголема активност на жените на пазарот на труд и намалување на неформалноста.
Дискусијата за потенцијалната реформа мора да биде интегрална и да ги опфати двата столба. Структурниот дефицит и адекватноста на пензиите зависат од иднината на целиот систем, а не од секој столб поединечно.



