📍 Од 1 до 3 јули, учествувавме на регионалната работилница за добитниците на грантови во рамки на проектот WB Reform and Growth Monitor, која се одржа во Тирана, Албанија. Работилницата ги собра организациите од Западен Балкан кои ќе работат на следење на реформите поврзани со Планот за раст и процесот на пристапување кон Европската Унија.
Со ова официјално го започнавме и нашиот нов проект – „Економски Реформетар: Следење на економските реформи за конвергенција кон ЕУ“.
Во рамки на проектот ќе ја следиме имплементацијата на клучните економски реформи во Северна Македонија, со посебен фокус на обврските од Реформската агенда.
Проектот се реализира во рамки на регионалната иницијатива WB Reform and Growth Monitor, спроведувана од TEN – Think for Europe Network и Transparency International Bosna i Hercegovina, со поддршка од Европската Унија (European Commission).

Recommended Posts