Капацитет и иновација на туристичките услуги за одржлив локален економски развој – Нов пристап преку развој на алтернативни туристички атракции

Севкупната цел на проектот е подобрување на локалниот економски развој преку градење капацитети на локалните засегнати страни вклучени во ланецот на туристичка понуда, зголемен квалитет на услугите и развој, лансирање и продажба на алтернативните туристички атракции.

Индиректните очекувани придобивки вклучуваат развој на нови локални брендови и неконвенционални туристички атракции за регионите, коишто на долг рок ќе ги зајакнат регионите како туристички дестинации, ќе привлечат повеќе туристи, а со тоа и поголеми приходи и ќе се промовираат локалните традиционални вредности како клуч за намалување на сиромаштијата и за инклузивен економски раст.

 

Оваа општа цел е поделена на посебни цели коишто вклучуваат конкретни интервенции на три фронта:

  • Специфична цел 1: Економски да се поттикнат општините преку подобрување на вештините и зајакнување на капацитетите на локалните засегнати страни (даватели на туристички услуги, бизнис сектор, невладини организации) за: комуникација, испорака на услуги, услужна култура / однесување, лидерство во туризам, брендирање, промоција и туристички насоки;
  • Специфична цел 2: Да се развијат алтернативни туристички атракции кои промовираат традиционална култура и еколошки аспекти на општините;
  • Специфична цел 3: Да се лансираат и да се промовираат развиени алтернативни туристички атракции во пет дестинации, и да се развие голема мрежа на врски помеѓу локалните, регионалните и националните чинители.

 

Донатор: Проект за локална и регионална конкурентност (ПЛРК) (Светска банка & ЕУ)

Времетраење: Јануари – Септември 2019

 

Тендери

Повик за експерт – Услови за работење