Aкција за формализирање на микро-вршители на економска дејност во неформалната економија

Целта на оваа акција е да се зголеми формализацијата на микро-фирми во Северна Македонија, односно на вршители на економска дејност во неформалната економија. Оттука, акцијата ја адресира правната неформалност. Поконкретните цели на акцијата вклучуваат:

  1. Да ги разбере причините за неформалноста на микро-вршителите на дејност во неформалната економија (високи давачки, висок административен товар, мала веројатност да бидат откриени, слаба информираност за бенефитите од формализација итн.)
  2. Да ја разбере дејноста на неформалните микро-вршители на дејност
  3. Да дизајнира мапа/листа на сите давачки, вклучително и парафискални давачки, сврзани со основањето микро-бизнис и со неговото водење во почетните години
  4. Да предложи: а) план за намалување на трошоците за фирмализација на микро-вршители на дејност, вклучително и рационализација на давачките идентификувани во 3; и б) мерки на политиките (фискални, трудови, информирање) кои ќе поттикнат поголема формализација на микро-вршителите на дејност.

Клиент: ГИЗ Северна Македонија

Работна посета на Црна Гора

Тимот на Finance Think е во работна посета на Црна Гора, 18-20 мај 2022. Регионализацијата на нашата работа не’ води на средби со драгите колеги од Institut Alternativa и од ISSP Институт за стратешки студии и прогнози од Подгорица.

Finance Think учествуваше на тркалезна маса за регионалното интегрирање

Нашиот Бојан Србиноски учествуваше на тркалезната маса „Од ЦЕФТА до единствениот пазар на ЕУ: Научени лекции од Вишеград-4 за Западен Балкан-6“, во организација на Crnogorska panevropska unija / Montenegrin Pan-European Union и @Robert Schuman Institute (Budapest).
Finance Think е партнер во проектот „Поддршка од Вишеград-4 за промоција на заедничкиот регионален пазар на Западниот Балкан-6: Еден пазар за постпандемиското закрепнување“, поддржан од International Visegrad Fund.