Finance Think на регионална тркалезна маса

Нашата Благица Петрески учествуваше на дискусијата на тема „Еден пазар за закрепнување по ковид-19: Вишеград-4 во поддршка за промовирање на заедничкиот регионален пазар на економиите од Западниот Балкан“ организирана од Crnogorska panevropska unija / Montenegrin Pan-European Union.

Отворен Балкан: Слободно регионално движење на работната сила во услови на недостиг од квалификувани работници?

Целта на проектот е да оцени како слободното движење на (квалификуваната) работна сила во Иницијативата Отворен Балкан ќе влијае врз пазарот на труд во Северна Македонија, а со тоа да поттикне аргументирана дебата и прилагодување на политиките за максимизирање на користите и минимизирање на ризиците.

Специфичните цели вклучуваат:

  • Генерирање знаење за тоа како слободното движење на (квалификуваната) работна сила вградено во Иницијативата Отворен Балкан ќе влијае врз пазарот на труд во земјава;
  • Поттикнување јавна дебата за користите и предизвиците од прашањето, базирана на докази;
  • Придонес кон економските политики поврзани со пазарот на труд и билатералните договори за социјално осигурување, во контекст на имплементацијата на барањата од оваа Иницијатива.

Донатор: Фондација Отворено општество Македонија

Времетраење: Септември 2022 – Септември 2023

Можностите за соработка ги дискутиравме на средба со Управата за јавни приходи

Средбата се одржа онлајн, со директорката на Управа за Јавни Приходи – УЈП, Сања Лукаревска и нејзиниот тим.

Finance Think ќе даде аналитичка поддршка, базирана на #докази и водена од #податоци, во областите на делување на Управата, како што се јакнењето на капацитетите за прибирањето на даноците, борбата со сивата економија, даночната транспарентност и отчетноста кон јавноста и сл.