Усогласување на базата на податоци за политиките на пазарот на трудот на Западен Балкан со ЕУ и јакнење на капацитетите на партнерите од ЗБ

Целта на проектот е да се оцени неусогласеноста помеѓу тековните практики на економиите од Западен Балкан и методологијата на статистиката на ЕУ за политики на пазарот на труд и да се понудат патокази на клучните засегнати страни за усогласување со практиките на ЕУ.

Донатор / Клиент: Регионален совет за соработка (RCC)

Партнери: Членови на WEBecon, предводени од основачкиот член CREDI

Средба на мрежата #WEBecon за истражу-вачки студии за кризата со храна и енергија

Жива и продуктивна дискусија во рамки на заедничката средба за „Совршена бура: Прехранбената и енергетската несигурност ги загрозува економиите на Западен Балкан“, за #истражувачките студии на кои работиме со нашите партнери од мрежата #WEBecon:
Поддржани од SMART Balkans.

Економскиот форум ги промовираше наодите и препораките за парафискалните давачки

Форумот на едно место ги собра сите релевантни чинители сврзани со парафискалните давачки како важна реформска област идентификувана во Програмата за економски реформи. Дебатата се однесуваше на наодите и препораките произведени во рамки на  проектот.

Галерија на форумот.