📖 Нашиот најнов Бриф 67 – кој најмногу искористи од владините антикризни мерки?

Денес одбележуваме две години од нападот врз #Украина – датумот со кој се поврзува почетокот на кризата со цените на 🍞 храната и 🔌 енергијата.
📖 По тој повод, нашиот најнов Бриф за политиките 6️⃣7️⃣ испитува кој најмногу искористи од владините пакети антикризни мерки.
📍 Мерките спасиле значаен #удел од доходот на домаќинствата, посебно на #посиромашните домаќинства и посебно мерките од #последниот пакет кои се во сила во текот на оваа 2024 година.
📍 Меѓутоа, со тоа што значаен контингент од мерките беа #нетаргетирани, особено од #првиот пакет, тие доделиле/спасиле поголем #износ на доход кај побогатите домаќинства.
📍 Иако таргетираноста на мерките од третиот пакет е најголема од сите три пакетa, сепак најмалку две од мерките носат ризик од зголемено буџетско оптоварување. Особено, поддршката за #пензионерите останува со релативно широко таргетирање и наликува на #предизборна мерка.
Анализата е поддржана од SMART Balkans.

Finance Think стана дел од Европскиот економски и социјален комитет, ЕЕСК

Finance Think стана дел од Европскиот економски и социјален комитет, ЕЕСК (EESC – European Economic and Social Committee)
📣 Во четвртокот, ЕЕСК официјално ја започна својата иницијатива за вклучување на претставниците на #граѓанското општество од земјите кандидати за членство во ЕУ.
🎖 Finance Think e дел од 5️⃣ избрани претставници на граѓанското општество од Северна Македонија, покрај претставниците на работодавачите и работниците (синдикатите).
Како претставници на граѓанското општество од земјите-кандидати, ќе придонесеме во процесот на изготвување избрани #мислења на ЕЕСК и ќе учествуваме во релевантните #студиски групи, на состаноците на секциите и во избрани #пленарни сесии на ЕЕСК.

Наоди од наша #студија на конференција во Приштина

🗣️ Наодите од нашата #студија за нерегистрираните микровршители на економска дејност ги споделивме на конференцијата “Обликување на идната агенда за намалување на #административниот товар во Западен Балкан”, која се одржа во Приштина, Република Косово, 7-8 февруари 2024.
🟡 Европската унија и #германската влада, ОЕЦД/СИГМА и GIZ Kosovo вложуваат во дијалогот за различните фази на реформа за испорака на услуги, со цел да се намалат административните оптоварувања и да се обезбеди висококвалитетни и лесно достапни услуги за бизнисите и граѓаните во #ЗападенБалкан.
Фотокредит: GIZ Kosovo