Отпочнуваме со рандомизирано мерење на продуктивноста во Comfy Angel

Денес, во Comfy Angel во Прилеп, започнавме со имплементација на инструментот за мерење на продуктивноста и дизајнот на методот за рандомизирани контролирани обиди (RCT), со посебен фокус врз мерки кои мoже да ја поттикнат продуктивноста на жените.

Иницијативата е поддржана од Foreign, Commonwealth and Development Office.

Граѓански надзор: Премостување на јазот помеѓу политичките ветувања и остварувања во четири развојни области

Проектот е насочен кон поттикнување партиципативна и одговорна демократија во развојните сектори (образование, здравство, социјала и економија) на Северна Македонија, каде што гласот на граѓаните е слушнат, приоритетите се транспарентно поставени и политичките ветувања постојано се преточуваат во опиплива реалност, обезбедувајќи одржлив социо-економски напредок и инклузивен раст.

Општа цел на проектот е да промовира делиберативна демократија во реформите во клучните развојни области (социо-економски, образование и здравство) со фокус на млади и жени, преку ангажман на различни чинители во процесот на приоритизација на реформи и поттикнување политичка одговорност преку следење на исполнуањето на политичките ветувања.

Специфични цели вклучуваат:

  • Да се идентификува во која мера политики дефинираните приоритети се во согласност со приоритетите на граѓаните
  • Да се креираат докази за јазовите помеѓу политичките ветувања и потребите, и јазовите во реализација на политичките ветувања
  • Да се поттикен политичка одговорност и зајакне свеста на граѓаните, преку следење на имплементацијата на политичките ветувањата користејќи го Економскиот Компас како дигитална алатка

Донатор: Цивика мобилитас

Нова Студија за политиките 50! 📊✨

Ново детално истражување на #неформалната економија во Северна Македонија открива важни сознанија и препораки за политикиte.
Клучни наоди:
👉 Непријавена работа: Сочинува околу 21.1% од вкупниот трудов #инпут, со значајно присуство во #преработувачката индустрија и #градежниот сектор.
👉 Непријавување приходи: Домаќинствата не пријавуваат приближно 9.7 милијарди денари, при што непријавувањето на приходи од #вработување е на ниво од 3.7%, додека приходи од #наемнина имаат висока стапка од 70.4%.
👉 Секторски динамики: Во преработувачката индустрија позастапено е под-пријавувањето на #плати (т.н. плата во плико), додека кај градежништвото и трговијата позастапени се целосно непријавени #работници.
👉 Целни интервенции: Препораките вклучуваат поттикнување #стартапи во сектори со ниска продуктивност, понуда на таргетирана #финансиска помош и подобрување на механизмите за #мониторинг за ефикасно справување со непријавена работа и непријавувањето приходи.
Информирајте се за најновите економски наоди и препораки за политики за поттикнување на одржлив развој и формализирање на неформалната економија! 🌟📈 #ЕкономскоИстражување #ПрепоракиЗаПолитиките #НеформалнаЕкономија
За повеќе детали, прочитајте го целото истражување: rb.gy/77jkpd! 📚