Предизвици и можности за фискалната дисциплина во Северна Македонија: Наоди од најновата студија

Фискалниот совет на Република Северна Македонија и Finance Think – Институт за економски истражувања и политики организираа дебата на која беа презентирани наодите од студијата „Фискална дисциплина и ефикасност на фискалните правила во Северна Македонија: патот кон одржливост“. Анализата го опфаќа периодот од 2008 година до 2024 година. Податоците за јавниот долг и буџетските приходи и расходи се од завршните сметки, а за 2024 година и периодот до 2029 година од Фискалната стратегија за 2025-2029 година.

Клучни наоди од студијата се следни:

  • Фискални правила: Воведени со Законот за буџети од 2022 година, тие ги ограничуваат буџетскиот дефицит на 3% од БДП и јавниот долг на 60% од БДП. Правилата се воведени самоограничувања од носителите на економските политики кои што треба да обезбедат фискална стабилност, оптимално ниво на јавен долг, со што треба да се придонесе кон одржување на макроекономска стабилност и долгорочно одржлив економски раст. И покрај тоа што во анализираниот период, овие правила не беа во примена, авторите анализираат како може да се оцени фискалната политика доколку истите би биле во сила, со цел, да се дојде до валидни сознанија за управувањето со јавните финансии во периодот што следи.

 Отпочнувањето со имплементација на фискалните правила, наиде на одредени предизвици. Во анализираниот период, вкупниот јавен долг без вклучени достасани а неизмирени обврски  има просечен годишен пораст од 7 проценти, и на крајот од 2023 година го надминува прагот од 60% од БДП. За крајот на 2024 година, истиот е проектиран да достигне 66,4% од БДП а заедно со достасаните и неизмирени обврски 70,8%. Истовремено, во повеќе од половина од анализираните години, дефицитот е повисок од фискалното правило од три проценти од БДП, а честите ревизии на првично поставените цели укажуваат на слабости во прецизното планирање, прекумерна проекција на приходите и тешкотии во управувањето на расходите. Тоа го стеснува просторот за контрациклична политика и кризен браник на среден рок.

 

  • Среднорочна фискална стратегија: Иако фискалните стратегии ја поставуват целта за буџетскиот дефицит и јавниот долг, честите ревизии го намалуваат кредибилитетот на поставените цели и оневозможуваат доследно исполнување на фискалните цели. Како резултат на тоа, годишното планирање се фокусира на краткорочни мерки, што ги прави буџетските проекции ранливи.

 

  • Проциклична политика: Анализата покажа дека експанзивната фискална политика се применува во текот на целиот анализиран период. Гледано од тој аспект, фискалната политика не е само во контрациклична функција, да изврши стабилизација на економските циклуси, туку истата е во функција на одржување на висока агрегатна побарувачка. Тоа доведува до зголемени трошоци, во форма на буџетски дефицити и зголемен јавен долг, доколку истата би се користела само во контрациклична функција. Во услови на економски подем се користат експанзивни фискални мерки кои дополнително го зголемуваат јавниот долг, што ја намалува флексибилноста на буџетот во економски кризи.

 

  • Исто така, идентификувани се и краткорочни осцилации на фискалната политика корелирани со политичкиот изборен циклус.

 

  • Долгорочен раст на расходите: Растот на фиксните расходи, особено тековните како плати и пензии, е повисок од растот на приходите и реалниот раст на БДП. Ова создава ризик од зголемување на структурниот буџетски дефицит и потреба од задолжување.

Управувањето со овие ризици беше тема на настанот организиран во два панела. Во првиот панел, Министерката за финансии Димитриевска Кочовска, преку презентација на политиките во Фискалната стратегија 2025-2029 година, укажа на механизмите и инструментите за справување со овие ризици, кои Министерството планира да ги примени и динамиката на фискална консолидација и усогласување со фискалните правила. Членовите на фискалниот совет укажаа на потребата за политики и реформи на јавните финансии насочени кон управување со структурниот буџетски дефицит, и промена на структурата на јавните расходи. Претставниците на Finance Think ја потенцираа потребата за примена на правилото за  контрациклична фискална политика. Претставникот на Делегацијата на Европската Унија, ги изнесе искуствата од примената на фискалните правила во ЕУ со препорака Северна Македонија како идна земја членка на ЕУ да биде подготвена за нивна примена. Претставничката на Светската Банка, ги изнесе искуствата и фискалните правила што се во примена во земјите на Западен Балкан и укажа на потребата за креирање на фискален простор во периоди на подем и креирање бафери за кризни периоди. Претставникот на бизнис заедницата од Македонија 2025, укажа на потребата од предвидливи фискални политики и ефективна примена на среднорочните фискални стратегии.

Извршната директорка Благица Петрески – Академски Стипендист на MMФ

🎉 Извршната директорка Благица Петрески избрана за Академски Стипендист на Меѓународниот Монетарен Фонд! 🌍
Овој престижен избор не само што е личен успех, туку и значајна можност за Finance Think да трансферира знаење, да иновира нови теми и да ги имплементира најновите глобални економски трендови. 📊💡
Ова искуство ја продолжува успешната мисија на Finance Think во формирање на иновативни политики и истражувања! 🌟