Отворени договори, чесни заедници: Следење на локалните јавни набавки за интегритет

Општата цел на проектот е зголемување на транспарентноста, отчетноста и политичкиот интегритет во јавните набавки на општинско ниво во Северна Македонија, со што ќе се намалат ризиците од корупција и ќе се зајакне демократското управување.

Специфични цели

  1. Оценка на практиките за јавни набавки во општините Прилеп и Крушево преку стандардизирана картичка за транспарентност, со идентификување на силни страни и ризици.

  2. Јакнење на капацитетите на најмалку 15 локални чинители (граѓани, граѓански организации, новинари) преку целни обуки за следење на набавките и унапредување на интегритетот.

  3. Подигнување на јавната свест преку поедноставување на комплексните прашања за јавни набавки и ангажирање на заедниците во надзор преку кампањи и активности за информирање.

  4. Поттикнување на дијалог помеѓу граѓаните, граѓанското општество и локалните власти преку објавување на општински картички за резултати, компаративен политички бриф и завршен јавен настан.

Донатор: Европска унија преку Транспаренси Интернешнл – Македонија

Анализа на родовиот јаз во платите во Северна Македонија

Општата цел на проектот е да се изработи сеопфатна и емпириски заснована анализа на родовиот јаз во плати во Северна Македонија, која ќе овозможи прецизни и применливи препораки за политики, во согласност со Конвенцијата 100 на Меѓународната организација на трудот и Агендата за родова еднаквост на ООН.

Потцели

  • Да се пресметаат сурови, прилагодени и факторски-пондерирани родови јазови во плати со користење на микро-податоци од Структурната анкета за плати (SES).

  • Да се изврши анализа со квантилни декомпозиции, со цел да се идентификуваат разлики по должина на платната дистрибуција (стаклен таван, леплив под).

  • Да се анализираат јазовите во плати во рамките на фирмите и меѓу фирмите, за да се утврди дали причините за нееднаквоста лежат во платните практики или во секторската сегрегација.

  • Да се пресмета т.н. „феминизациска казна“ и да се истражи како концентрацијата на жени во одредени занимања/сектори влијае на нивото на плати.

  • Да се спроведат консултации со засегнатите страни (синдикати, работодавачи, институции) и да се интегрираат нивните гледишта во финалните препораки.

  • Да се понудат практични и контекстуални препораки за политики за намалување на родовиот јаз во плати.

Клиент: Меѓународна организација на трудот и ОН Жени

Завршна церемонија во ЕЕСК

Во Брисел, под слоганот Stand up for democracy, speak up for Europe, се одржа завршната церемонија на мандатот на претседателот Оливер Ропке на Европскиот економски и социјален комитет (ЕЕСЦ).
✨ На настанот беа истакнати придонесите на Комитетот во јакнењето на демократијата, улогата на младите, граѓанското општество и еднаквоста во Европа. Учествуваа номинирани членови – претставници од сите земји членки и кандидатки за членство во ЕУ.
🤝 Благица Петрески, како член на ова тело, беше дел од свеченоста, а активностите на ЕЕСЦ продолжуваат и во следниот период.