Средба со претставници од институциите, експерти и бизнис заедницата

Finance Think организираше средба со претставници од институциите, експерти и бизнис заедницата на тема „Праведна енергетска транзиција: Кои се придобивките, а кои ризиците“. Клучните заклучоци се:
✅ Економски придобивки преку заштеди во цената на електричната енергија за домаќинствата и зголемена конкурентност на компаниите.
✅ Почиста и поздрава околина преку поголемо користење на обновливи извори на енергија.
✅ Координација и посветеност во имплементацијата на политиките – клучни за успешна и праведна транзиција.

Во интервју за Слободен печат, Благица Петрески, зборува за тековни економски прашања

⚠️ Не може да се каже дека поголемите #општини секогаш имаат поголем капацитет – има примери и на мали општини со добро планирање и дисциплина. Главниот проблем често е внатрешниот капацитет за планирање и фазна имплементација, бидејќи многу општини започнуваат многу проекти, но не ги завршуваат.

Линк

Finance Think на вториот настан за макро-врсничко учење

🔹 Finance Think, претставуван од нашата Благица Петрески, учествуваше со презентација на своите добри практики на вториот настан за макро-врсничко учење (Second Macro-Peer Learning Event), организиран од World Bank North Macedonia – Светска банка Северна Македонија во рамки на #EU Trust Fund for Strengthening #FiscalGovernance во #ЗападенБалкан.
Настанот се одржа во Подгорица на 29–30 септември и ги обедини експертите од министерствата за финансии, централните банки, фискалните совети и тинк-тенковите за дискусија на следните теми:
💡 ревидираниот ЕУ фискален рамковен механизам,
📊 nowcasting на растот и синхронизација на циклусите,
🌱 моделирање и примена на климатските ризици,
📉 проценки за одржливоста на јавниот долг,
🔍 прогнозите за есен 2025 и поврзаните неизвесности.
Голема благодарност за можноста за плодна и инспиративна размена на знаења и искуства!