Нашата Марија Башеска учествува на конференцијата „Структурни промени во регионот на Западен Балкан“, која се одржува од 27 до 29 октомври во Тирана, во организација на Aspen Institute Germany.
Конференцијата обединува експерти, истражувачи и носители на политики од регионот и Европа кои дискутираат за структурни промени во областа на пазарот на труд, дигитализацијата, енергетиката, и миграцијата во Западен Балкан.
Средба на мрежата WEBecon Network во Подгорица
На маргините на настанот се одржа средба на мрежата, на која дискутиравме за тековните активности, идните патеки и можностите за унапредување на регионалната економска соработка.
ВЕБЕКОН продолжува да ја гради својата улога како платформа за истражување, анализа и регионална соработка, со заедничка визија – Западен Балкан како подобро место за живеење, работа и напредок.

