Општата цел на проектот е зголемување на транспарентноста, отчетноста и политичкиот интегритет во јавните набавки на општинско ниво во Северна Македонија, со што ќе се намалат ризиците од корупција и ќе се зајакне демократското управување.

Специфични цели

  1. Оценка на практиките за јавни набавки во општините Прилеп и Крушево преку стандардизирана картичка за транспарентност, со идентификување на силни страни и ризици.

  2. Јакнење на капацитетите на најмалку 15 локални чинители (граѓани, граѓански организации, новинари) преку целни обуки за следење на набавките и унапредување на интегритетот.

  3. Подигнување на јавната свест преку поедноставување на комплексните прашања за јавни набавки и ангажирање на заедниците во надзор преку кампањи и активности за информирање.

  4. Поттикнување на дијалог помеѓу граѓаните, граѓанското општество и локалните власти преку објавување на општински картички за резултати, компаративен политички бриф и завршен јавен настан.

Донатор: Европска унија преку Транспаренси Интернешнл – Македонија

Recommended Posts