
Со ова официјално го започнавме и нашиот нов проект – „Економски Реформетар: Следење на економските реформи за конвергенција кон ЕУ“.
Во рамки на проектот ќе ја следиме имплементацијата на клучните економски реформи во Северна Македонија, со посебен фокус на обврските од Реформската агенда.
Проектот се реализира во рамки на регионалната иницијатива WB Reform and Growth Monitor, спроведувана од TEN – Think for Europe Network и Transparency International Bosna i Hercegovina, со поддршка од Европската Унија (European Commission).



