
Во соработка со Општина Кисела Вода спроведовме процес на партиципативно буџетирање.

Граѓаните ги споделија своите потреби, проблеми и предлози за подобрување на квалитетот на животот во општината. Тие ја препознаа иницијативата како корисна и изразија поддршка за организирање ваков тип на настани, кои овозможуваат нивните потреби и идеи да бидат слушнати.

Следниот чекор е анализа на зачестеноста на предложените идеи и нивно приоритизирање. Овој процес ќе ѝ помогне на Општина Кисела Вода во идентификувањето на потребите на граѓаните и утврдувањето на буџетските приоритети за 2027 година.
Ви благодариме на сите учесници за споделените идеи и активното учество!
Овој процес се реализира во рамките на проектот „Граѓански надзор: Премостување на јазот помеѓу политичките ветувања и остварувања во четири развојни области“, поддржан од Владата на Швајцарија преку
Civica Mobilitas.