Finance Think на Public Participation Peer Learning Exchange во Бразил

Finance Think имаше можност во текот на оваа недела да биде дел од Public Participation Peer Learning Exchange – Opening Doors, организиран од International Budget Partnership (IBP), од 10 до 12 ноември 2026 година во Бразилија, Бразил.
Настанот обедини претставници од 13 земји, со цел размена на искуства и добри практики за поголемо и посуштинско учество на граѓаните во буџетските процеси.
Особено ни е драго што имавме можност да ги споделиме нашите искуства и практики за придонес кон потранспарентни фискални политики, партиципативно буџетирање и поврзување на потребите и приоритетите на граѓаните со формалните механизми за планирање и донесување буџетски одлуки.
Истовремено, размената ни овозможи да научиме од искуствата на други земји, да размислиме како да ги зајакнеме постојните механизми и да препознаеме нови пристапи што можеме да ги примениме во нашата работа.
Бидејќи вистинското граѓанско учество не завршува со можноста да се даде предлог, туку со можноста тој предлог да влијае врз јавните одлуки.
На настанот Finance Think беше претставен од извршната директорка Благица Петрески. Blagica Beba Petreski

Два дена партиципативно буџетирање со граѓаните на Општина Кисела Вода

📢 Во соработка со Општина Кисела Вода спроведовме процес на партиципативно буџетирање.
💬 Граѓаните ги споделија своите потреби, проблеми и предлози за подобрување на квалитетот на животот во општината. Тие ја препознаа иницијативата како корисна и изразија поддршка за организирање ваков тип на настани, кои овозможуваат нивните потреби и идеи да бидат слушнати.
🤝 Следниот чекор е анализа на зачестеноста на предложените идеи и нивно приоритизирање. Овој процес ќе ѝ помогне на Општина Кисела Вода во идентификувањето на потребите на граѓаните и утврдувањето на буџетските приоритети за 2027 година.
Ви благодариме на сите учесници за споделените идеи и активното учество!
Овој процес се реализира во рамките на проектот „Граѓански надзор: Премостување на јазот помеѓу политичките ветувања и остварувања во четири развојни области“, поддржан од Владата на Швајцарија преку Civica Mobilitas.
Повеќе фотографии можете да погледнете на следниот линк: https://tinyurl.com/43hc6a7v

Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

Кои се приоритетите за твојата населба?
Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година.
💬 Предложи. Дискутирај. Приоритизирај.
📲 Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem
Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина!

🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.

Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа на Finance Think.

Продолжуваме да ја поврзуваме домашната експертиза со меѓународните дискусии и иницијативи.

Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација

🤝 Силните економии се градат врз силни партнерства.
Finance Think и British Business Association in North Macedonia – Британската бизнис-асоцијација во Северна Македонија вчера потпишаа Меморандум за разбирање, поставувајќи основа за поблиска соработка за прашања важни за бизнис-секторот, носителите на политики и општеството.
Партнерството ја поврзува широката деловна мрежа на Британската бизнис-асоцијација со економските истражувања и експертизата за јавни политики на Finance Think. Заеднички ќе поттикнуваме размена на знаења, конструктивен дијалог и решенија засновани на докази за клучните економски предизвици и можности.
Нашата цел е да придонесеме кон подобро деловно окружување и поодржлив економски развој, истовремено поддржувајќи го унапредувањето на трговските и инвестициските односи на Северна Македонија со Обединетото Кралство и земјите од Комонвелтот