Економијата во време на избори – Благица Петрески зборуваше за Грчката национална телевизија ЕРТ

📢 На актуелни #економски теми за платите, цените и животниот стандард во време на избори и за економските #очекувања на граѓаните, нашата извршна директорка Blagica Beba Petreski зборуваше за грчката национална телевизија ΕΛΛΗΝΙΚΗ ΡΑΔΙΟΦΩΝΙΑ ΤΗΛΕΟΡΑΣΗ – Σύνορα.

Finance Think со почетни активности во Европскиот економски и социјален комитет

Продуктивен почеток на неделата во Брисел! 🇪🇺🌟 Почетни активности и придонес кон Европскиот економски и социјален комитет (EESC – European Economic and Social Committee). Нашата Извршна директорка Blagica Beba Petreski се сретна со соработниците и партнерите на Finance Think во институциите на Европската Унија во Брисел, Белгија, 22 април 2024.
🌍🚰🏡 Учествувајќи на состанокот на Европскиот економски и социјален комитет (ЕЕСК), предмет на дискусија беа критичните аспекти на достапноста и адекватноста на услугите сврзани со вода, санитација и хигиена (WASH) за економскиот развој и благосостојбата на домаќинствата. Се гордееме што ги поддржуваме политиките за одржлив развој и подобрување на животниот стандард.

Поттикнување критичка и заснованa-на-докази дебата за буџетските процеси и фискална транспарентност

Цел: Зголемување на демократијата преку проширување на фискалната транспарентност на национално и локално ниво во Северна Македонија.

Акцијата има за цел да придонесе кон целите на Меѓународното буџетско партнерство (IBP) преку поттикнување на транспарентноста во земјата.

Оваа сеопфатна цел е поделена на конкретни цели кои вклучуваат конкретни интервенции на два фронта.

  • Специфичен исход 1: Да се унапреди креирањето политики засновани на податоци.
  • Специфичен исход 2: Да се зголеми општинската транспарентност и да се зајакне ангажманот на граѓаните, преку јавно достапни и ажурирани 3-цифрени буџетски податоци за сите 80 општини во Северна Македонија.

Донатор / Партнер: Меѓународно буџетско партнерство

Отклучување на женскиот економски потенцијал – понатаму од родовите граници

Целта на оваа акција е да ги поттикне и да им овозможи на жените да го достигнат својот целосен потенцијал на пазарот на трудот, со посебен фокус на продуктивноста.

Специфични цели се:

  1. Да се идентификуваат двигателите на ниското учество на жените на пазарот на трудот и женската продуктивност, преку производство на докази и генерирање знаење;
  2. Да се нагласи важноста на пристојните работни места, стимулативната средина, работните услови и системската поддршка како двигатели на продуктивноста и женскиот потенцијал, преку пилотирање мерки во „Комфи Ангел“ и во соработка со бизнис секторот;
  3. Да се стимулира дијалог за политиките меѓу релевантните чинители (креатори на политики, бизнис сектор, синдикати);
  4. Да се застапуваат политики кои овозможуваат пристојни работни места и стимулативна средина која ќе ја зголеми женската продуктивност.

Донатор: Британска амбасада во Скопје