Нашата Irena Nikolovska учествуваше на работилницата која денес се одржа во состав на подготовката на првата Национална развојна стратегија 2022-2042.
Finance Think го поддржува процесот на подготовка на овој клучен стратешки документ. Во првите фази од процесот, извршивме скенирање и оценка на капацитетите на носителите на овој процес, со цел идентификација на јазовите и план за нивно адресирање.
(Фотографиите преземени од Fatmir Bytyqi).
Со жителите на Прилеп и Крушево одржавме фокус група

Активноста е дел од проектот „Родово-одговорно планирање на локално ниво: Случајот со Прилеп и Крушево“ поддржан од Reactor Research in Action/ Реактор истражување во акција и нивните партнери преку акцијата „Унапредување на родовата еднаквост во процесот на пристапување во ЕУ“ финансирана од Европската Унија и Шведската агенција за меѓународен развој и соработка.
Finance Think учествува во изградбата на ресурси за градење капацитети за партиципативни практики
Finance Think, како членка на меѓународната мрежа People Powered, учествува во изградбата на ресурси за градење капацитети за партиципативни практики преку споделување на своите алатки и искуства од партиципативно буџетирање во земјата.

Група Отворен Балкан, е нова иницијатива на граѓански организации од регионот
На средба со Fitch Ratings, дискутиравме за тековните трендови и политики во земјава
Во најновиот ФТ Коментар 35, го оценуваме економскиот дел од ЕУ Прогрес извештајот 2022
Две од нашите студии за политиките во извештај на Светската банка
Finance Think на регионална тркалезна маса
Нашата Благица Петрески учествуваше на дискусијата на тема „Еден пазар за закрепнување по ковид-19: Вишеград-4 во поддршка за промовирање на заедничкиот регионален пазар на економиите од Западниот Балкан“ организирана од Crnogorska panevropska unija / Montenegrin Pan-European Union.
Стагфлацијата ќе се продлабочува, проектира нашиот најнов Макро-монитор
Целото издание на Макро-монитор 11(2), на овој линк.
Можностите за соработка ги дискутиравме на средба со Управата за јавни приходи
Средбата се одржа онлајн, со директорката на Управа за Јавни Приходи – УЈП, Сања Лукаревска и нејзиниот тим.
Finance Think ќе даде аналитичка поддршка, базирана на #докази и водена од #податоци, во областите на делување на Управата, како што се јакнењето на капацитетите за прибирањето на даноците, борбата со сивата економија, даночната транспарентност и отчетноста кон јавноста и сл.